Кале (Брњарци)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Кале

Карта

Местоположба 42°02′25″N 21°33′02″E / 42.04028° СГШ; 21.55056° ИГД / 42.04028; 21.55056
Основни податоци
Место Брњарци
Општина Гази Баба
Тип

 населба


Период раноантичко време
доцноантичко време
среден век
Портал „Археологија“

Калеархеолошко наоѓалиште кај скопското село Брњарци, Општина Гази Баба. Претставува населба од раната антика, доцната антика и средниот век.[1] Оваа голема населба прво била пајонски, а потоа и древномакедонски град.

Наоѓалиштето се наоѓа на падините североисточно од селото. Стручната екипа на Археолошкиот музеј на Македонија (директор Весела Честоева, стручен консултант проф. д-р Виктор Лилчиќ) предводен од м-р Владимир Атанасов во рамките на редовните теренски активности извршиле рекогносцирање наоѓалиштето со цел ревизионо прецизирање на делови од периметарот на утврдувањето.

Остатоците од оваа населба биле познати за мештаните уште многу одамна. Кале за прв пат е научно истражувано и документирано, снимен фортификацискиот периметар од страна на Виктор Лилчиќ на 17 август 1987 г. Вторпат е истражувано на 24 септември 2005 г. во рамките на проектите „Стари градови и тврдини во Република Македонија и Античкото кралство Македонија во Република Македонија“, и третпат на 12 јуни 2015 г. во рамките на Проектот „Археолошки катастар на Република Македонија“.

Периоди на населеност

уреди

Првичните наоди се сметале за кастел (замок), но потоа се најдени остатоци и од антички и средновековен град со мошне богати културни хоризонти. Засега се дефинирани следниве:

Поврзано

уреди
  • Ирма — населба од римско време
  • Латина — некропола од римско време
  • Тумба — населба од неолитско време

Наводи

уреди
  1. Лилчиќ, Виктор; Античкото кралство Македонија во Република Македонија