Ирма (Брњарци)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Ирма — населба од римското време. Југоисточно од селото Брњарци, во нивите на А. Јусуф и Т. Стефановски се откриени темели од поголем објект, а по површината се среќаваат делови од камена пластика (надвратници, колони, бази и други) и многу градежен материјал.[1]

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069