Како ќе каже Џим е американска комедија емитувана на телевизијата ABC. Иако со мала гледаност на почетокот, серијата малку по малку се искачи на второто место од сите тогашни комедии на ABC. Кога го увиде успехот на серијата, ABC направи ризичен потег: ја смести серијата во терминот на Фрејзер на NBC‏‎. Џим не успеа да го победи Фрејзер во гледаност, но беше доволно гледан за да си загарантира нова сезона. Големиот успех може да се согледа и на светското мрежно место Ју Тјуб.

Како ќе каже Џим
Податотека:Jim200x150.jpg
Жанрситком
Создадена одТрејси Њуман
Џонатан Старк
УлогиЏим Белуши
Кортни Торн Смит
Кимберли Вилијамс Пејзли
Лери Џо Кемпбел
Тејлор Ателијан
Били Бруно
Конер Рејбурн
Земја на потекло САД
Бр. на сезони8
Бр. на епизоди182
Производство
Времетраење22 минути, без реклами
Прикажување
Првична мрежаABC
Сликов формат720п HDTV
Првично прикажување3 октомври 2001 – 2 јуни 2009
Надворешни врски
Мрежна страницаabc.go.com/primetime/accordingtojim

Серијата досега има само една номинација за наградата „Еми“, а снимени се седум сезони. Во главните улоги се, познатата филмска ѕвезда Џејмс Белуши како Џим, Кортни Торн Смит како Шерил, Кимберли Вилијамс како Дејна, Лери Кемпбел како Енди, Тејслот Ателијан како Руби, Били Бруно како Грејси, а во улогата на бебето Кајл се менуваат близнаците Конор и Герет Суливан.

Џејмс Белуши се јавува и како продуцент на серијата, а во неколку епизоди ќе го видиме и неговиот син Роберт, во улогата на возрасниот Кајл.

Во серијата, како гости во епизодна улога се појавуваат и Ден Акројд, Линда Хамилтон, Том Арнолд и Даг Савант (Том Скјаво од „Очајни домаќинки“).

Серијата започна да се снима во 2001 година во продукција на телевизиската компанија „АБЦ“.

На 15 мај 2007, беше објавено дека серијата е откажана и дека ќе нема нови сезони. Но, изненадно, на 27 јуни 2007, ABC објави дека серијата била сепак обновена за уште една, седма по ред сезона, со 18 епизоди.

Во САД „Како ќе каже Џим“ заврши со своето емитување на 2 јуни 2008.[1][2] Кај нас, серијата се емитуваше на А1 и досега се прикажани првите четири сезони, а од 2011 година ќе започне со емитување и на МТВ 1 телевизија. Оваа ситком серија достигна голем успех во македонскиот ТВ етер. Сите репризи од „Како ќе каже Џим“ имаа еднаква гледаност како премиерите на истите епизоди.

Синопсис

уреди
 

Џим живее во среќен брак со сопругата Шерил, со која често доаѓа во конфликт заради децата и секогаш го прифаќа нејзиното мислење како се воспитуваат мали деца. Џим и Шерил имаат три деца, ќерките Руби, Грејси и синот Кајл.

Џим е страствен обожавател на блуз музиката и свири со неговиот бенд, што често ја излудува Шерил. Додека во бендот е вистински мачомен, дома Џим е вистински папучар. Неговата слабост кон децата резултира што тие често го вртат околу малиот прст, па Шерил ќе мора да ги исправа сите ситуации.

Семејството дополнително ќе го вознемират и Дејна, сестрата на Шерил и нејзиниот сопруг Рајан кои повеќе се на гости кај Џим и Шерил одошто во сопствениот дом. Шерил има мака со воспитувањето на децата, а нејзината сестра не и е од никаква помош. Таа често го решава и нејзините брачни проблеми.

Дејна ќе му помага на Џим во изборот на новогодишните подароци, подарок за годишнина од брак, но тој факт никако нема да може да го сокрие од сестра и. Ја сокрива и тајната дека Џим се вратил на неговата опасна страст, возење на мотор, но тука е Руби, која секогаш знае што крие нејзиниот татко.

Единствен кој не е оптоварен од проблемите на семејството, е малиот Кајл, кој е миленик на сите.

Белешки

уреди

Надворешни врски

уреди