Пармиџана е италијанско јадење подготвено од пржен модар домат, прелиен со сирење или кашкавал и доматно пире, потоа печен. Потеклото на јадењето се верува дека е од јужните предели на Кампанија и Сицилија. Други варијанти најдени надвор од Италија можат да вклучуваат пилешко месо, телешко месо или некој друг вид на котлет за месо или полнето со зеленчук.

Пармиџана
Melanzane alla Parmigiana
Место на потеклоItaly
РегионCampania, Sicily, Parma
Главни состојкиМодар домат или месо, сирење, доматно пире
ВаријантиТелешко месо, пилешко месо

Подготовка

уреди

Јадењето се состои од модар домат исецкан на долги ленти, пржен во тава во масло, прелиен со доматно пире и сирење или кашкавал, и печен во рерна. Во некои верзии доматот се потпува во изматени јајца потоа во брашо и на крај во лебни трошки пред да се пржи. Некои рецепти користат тврдо рендан кашкавал како „пармигано“, додека други користат помек кој се топи како моцарелата, или комбинација од двете.

Италијански начин

уреди

Во Неапол, пармиџаната може да се подготви и со тиквичка или артичок наместо модар домат..[1]

Меѓународни начини

уреди

Начинот направен со месо во котлети, како телешкото и пилешкото месо, се најчесто фаворизирани, особено во Италија.

Во САД и Канада, пармиџаната од телешко или од пилешко месо е сервирана како главно јадење, а некогаш е сервирана како сендвич. Исто така е познато како јадење кое може да се стави врз тестенини. Исецкан кромид или зелени пиперки, зачинети или природно без зачини, понекогаш се додаваат. Слично јадење со телешко месо во Италија е познато како Cotolette alla Bolognese, сепак италијанските традиционални рецепти не вкулчуваат доматно пире во јадењата. Costelette Parmigiana е друго јадење со телешко месо, сепак во Италија најчесто е сервирано без сос или кашкавал.[2]

Телешката или пилешката пармиџана е често јадење кое се подготвува во Австралија и Аргентина и и во двете земји најчесто се сервира со чипс или салата. Во Австралија, може да содржи најразлични додатоци, вклучувајќи сецкана шунка или парчиња пржен модар домат.[3][4]

Во Аргентина и во другите земји на Јужна Америка, телешката или пилешката пармиџана е дополнета со шунка и сервирана со пржени компирчиња. Позната е под името milanesa a la napolitana. Ако на јадењето му е додадено пржено јајце, тогаш е познато под името  súper milanesa или suprema napolitana. Потеклото на јадењето е од ресторан од Наполи во Буенос Аирес во 1940 година.

Слично јадење е пармо, кое се состои од свинско месо или пилешко месо, кое почнало да станува познато во Англија.

Во Бразил, пармиџаната е популарно јадење во рестораните, кое било донесено на овие простори благодарејќи на италијанските имирганти. Има три вида на пармигана во Бразил:  filé de frango a parmigiana (со пилешко месо), berinjela a parmigiana (со модар домат) и пармиџана со месо. Трите вида на говедско месо се користат за да се подготви пармиџаната од месо: две главни парчиња, filé mignon à parmigiana и contra-filé à parmigiana (пармигана-стек), и третиот вид е yielding bife à parmigiana, едноставно говедско месо. Во Бразил, јадењата од пармиџана се послужуваат со бел ориз или пржени компирчиња или со тестенини и доматно пире.

Наводи

уреди
  1. Francesconi, Jeanne Caròla (1995) [1965]. La vera cucina di Napoli (италијански). Roma: Newton Compton Editori. стр. 219–20. ISBN 8881830213.
  2. Kaminski, Margot (October 12, 2006). „Fake Accent“. Chowhound. Посетено на November 1, 2015.
  3. Levin, Darren (2004-08-07). „Keeping abreast of the Parma best“. The Age. Melbourne, Victoria. стр. A2.2.
  4. Peucker, Christie (2011-01-02). „They're the parmi police Duo in quest for Adelaide's best“. Sunday Mail. Adelaide, South Australia. стр. 20. Архивирано од изворникот на 2015-08-15. Посетено на 2018-07-26.