Западна Фризија
Западна Фризија (холандски: West-Friesland; западнофризиски: West-Fryslân) е современ регион во северозападниот дел на Холандија, во состав на покраината Северна Холандија.
Општина
уредиРегионот зафаќа површина од околу 800 км² и е окружен со Западнофризискиот кружен трап (Westfriese Omringdijk). Поделен е на следниве општини:
Име | литературен холандски |
локално наречје[1] |
Алкмар | Alkmaar | Alkmar |
Дрехтерланд | Drechterland | Drechterland |
Енкхејзен | Enkhuizen | Henkhúze |
Когенланд | Koggenland | Koggeland |
Лангедејк | Langedijk | Lengedoik |
Медемблик | Medemblik | Memeloik |
Опмер | Opmeer | Obmar / Opmar |
Стеде Брук | Stede Broec | Stee Broek |
Схаген | Schagen | Skagen |
Херхуговард | Heerhugowaard | Heerhugoweerd / Heregeweerd |
Холандс круна | Hollands Kroon | ? |
Хорн | Hoorn | Hoorn |
Поголеми градови се Хорн и Алкмар.
Наречје
уредиТрадиционалниот говор на регионот e западнофризиското наречје (Westfriesk) на холандскиот јазик, кој сосем различен од западнофризискиот јазик (Frysk, офиц. хол. Westerlauwers Fries) Денешниот регион има слична големина и местоположба на некогашниот округ („гау“) Вестфлинге, самиот дел од многу поголемата историска област Западна Фризија.
-
Знаме на Западна Фризија
-
Знаме на цела Фризија
Поврзано
уреди- Фризија (поширока област)
- Западнофризиски јазик
- Фризиски Острови
Наводи
уреди- ↑ Се мисли на западнофризиското наречје на холандскиот јазик
Надворешни врски
уреди- Регионален портал на Западна Фризија (холандски)