Историја на Зелениот ’Рт
За раната историја на денешните остров Зелен ’Рт многу малку е познато. Се смета дека до португалското доаѓање, островите не биле населени. Откриени се од страна на португалскиот трговец Антонио Фернандес во 1445 година. Своето име островите го добиле во 1461 година. Следната година, 1462 година било основано првото поголемо населено место, Рибеира Гранде, денеска Праја.[1] Како португалска колонија островите официјално станале во 1532 година, како дел од Португалската империја. Како и кај другите африкански земји, така и овде населението било искористувано главно за трговија со робови. Земјата независност станала на 5 јули 1975 година. Како главен фактор за независноста била Африканската партија за независност на Гвинеја-Бисао и Зелениот ’Рт (АПНГЗ). По добивањето на независност, партијата се обидела да ги обедини Зелениот ’Рт и Гвинеја-Бисао. Сепак плановите пропаднале во 1980 година. Денеска, во земјата на власт е Африканската партија за независност на Зелениот ’Рт.
Дел од темата Зелен ’Рт |
Портал |
Наводи
уреди- ↑ Cape Verde background note. U.S. Department of State (July 2008).