Историја на Белгија
Од географски поглед, Белгија претставува еден вид крстопат на Европа и во последните 2000 години била сведок на постојаното населување на најразлични народи на нејзината територија. Во Белгија фигурирале Келтите, Римјаните и Германите. Подоцна, територијата на денешна Белгија била под директно влијание на Франција, Холандија, Шпанија и Австрија.
Првите познати народи кои ја населиле Белгија биле Белгите. Белгите се келтски племиња кое дошле од Северна Галија, а во 54 п.н.е. биле подчинети од страна на Гај Јулиј Цезар. По распаѓањето на Римската имприја во 5 век, германите ја населиле римската провинција Галија. Франките овде го формирале своето царство. Цаеот Кловис I го примил христијанството. Во времето на Карло Велики, територијата на денешна Белгија повторно се наоѓала во неговото царство. Во 800 година, тој бил прогласен за цар наСветата Римско Царство, признаен и од самиот папа.
Подоцна, овој регион бил вклучен во териториите на Ниските Земји и Шпанија, додека протестантските провинции добиле независност. Следувало владеењето на Австрија и неколку години под француско владеење, во времето на Наполеон Бонапарт. По отстранувањето на Наполеон од власт во 1815 година, Белгија повторно била соединета со северните области на Холандија. Во 1830 година избувнала Белгиската револуција, преку која се создала независна Белгија.
Леополд I за крал бил избран со помош на Велика Британија. Главна одлика на Белгија била нејзината неутралност, која била нарушена во 1914 година, кога Германија ја нападнала на Белгија. Така, таа била приморена да се вклучи Првата светска војна. Во 1940 Белгија повторно била нападната од нацистичка Германија, а по крајот на војната нејзината неутралност била изоставена.
Белгија е членка на НАТО-пактот и една од основачите на Европската Економска Заедница. Во 1992 година се приклучила кон ЕУ. Од 1960 година таа е независна држава.