Иртиш

река во Казахстан, Монголија, Кина и Русија
(Пренасочено од Иртиш (река))

Иртиш (руски: Иртыш; руски: Ертiс; кинески: 额尔齐斯河, пинјин: É'ěrqísī hé; руски: ئېرتىش; монголски: Эрчис мөрөн; татарски: Иртеш) — река во Сибир и Казахстан, главна притока на Об. Реката има мошне големо и значајно сливно подрачје во Азија, опфаќајќи го Западен Сибир и Алтајските Планини.

Иртиш
Местоположба
Физички особености
УстиеОб
Должина4.248 км
Особености на сливот

Географија

уреди
 
Иртиш кај Павлодар, Казахстан
 
Пристаништето на Иртиш во Ханти-Мансијск, Русија

Реката извира како во монголски Алтај (Сјинџанг, Кина), каде е наречена Кара Иртиш (Црн Иртиш), па тече на северозапад преку Зајсанското Езеро во Казахстан. Потоа во неа се влеваат реките Ишим и Тобол, за на крај самата река да се влее во Об кај Ханти-Мансијск во западен Сибир, Русија. Течението има должина од вкупно 4.248 км.

Стопанско значење

уреди

По реката половат, танкери, товарни и патнички бродови од април до октомври, кога не е замрзната. Најголемо пристаниште на реката во русија е градот Омск. Во Казахстан по течението има 3 големи хидроцентрали: Бухтарминската, Уст-Каменогорската и Шулбинската. Кај Уст-Каменогорск се наоѓа најдлабоката бродска преводнца во светот, со спуст од 42 м.[1]

Историја

уреди

По течението на реката, со векови живееле разни монголски и туркиски народи. Во XV и XVI век долното и средното течение на Иртиш влегувало во состав на татарскиот Сибирски ханат, кој Русија го освоила во 1580-тите. Во XVII век, Џунгарскиот ханат (царството на Ојратите) станало јужен сосед на Русија и завладеало со горното течение на реката. Во поречјето, Русија потоа основала повеќе градови: Омск (1716) Семипалатинск (1718) Уст-Каменогорск (1720) и Пењтропавловск (1752).

Во 1750-тите години Кина ја освоила џунгарската држава. Границата помеѓу Русија и тогашна Кина (денес граница на Русија со Казахстан на север и меѓу Монголија и Кина на југ) е исцртана на почетокот на XIX век.

Градови по течението

уреди

Поважни населени места по течението на Иртиш (низводно) се:

Во книжевноста

уреди

Епилогот на романот „Злосторство и казна“ (1866) од Фјодор Достоевски се случува кај реката Иртиш.

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-26. Посетено на 2013-06-18.

Поврзано

уреди

61°05′24″N 68°49′15.60″E / 61.09000° СГШ; 68.8210000° ИГД / 61.09000; 68.8210000