Ишим (река)

река во Казахстан и Русија

Ишим (руски: Иши́м; казашки: Есіл) — река во Казахстан и Русија, лева и најдолга притока на Иртиш. Долга е 2.450 км и има просечен истек од 56,3 м3. Реката е само делумно пловна по долното течение, а во горното минува низ главниот град Нур-Султан. Во Русија, течението минува низ огромни мочуришни и има безброј остри свиоци и мртвици. Од крајот на ноември до март реката е замрзната.

Ишим
Местоположба
Физички особености
Должина2.450 км
Особености на сливот

Во Нур-Султан

уреди

Според претседателот Нурсултан Назарбаев, реката Ишим е една од причините за изборот на Нур-Султан (тогаш наречен Астана) за главен град на земјата. Денешниот град е поделен на два дела: на десниот брег е стариот дел на градот со чаршијата, а на левиот се современите управни зданија како претседателскиот дворец „Акорда“, владиниот дом, врховниот суд и престижни населби.

Почнувајќи од 1998 г. властите на Нур-Султан активно ја регулираат реката, со цел да се спречат поплави и да се одржи водостојот од рекреативни и есетски причини. Низводно од центарот на градот е изградена брана која го држи водостојот повисоко, а коритото е продлабочено за да се избегне прелевање. Кај градскиот парк во центарот на Нур-Султан има изградено градска плажа и место за изнајмување педалинки. Се смета дека без браната, водостојот би бил доволно низок за реката да се премине пешки.[1][2]

Спротиводно од градот се предвидува изградба на уште една брана, со цел да се спречат поплави. Градските власти планираат да ја продлабочат реката уште повеќе за да биде пловна за чамци во должина од 22 км на подрачјето на Нур-Султан.[2]

Водостојот се постигнува со довод на вода од Иртиш преку каналот Иртиш-Караганда и посебен цевковод.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Реки, канали, мостови, шеталишта Архивирано на 12 октомври 2007 г. — Портал на градот Нур-Султан (руски)
  2. 2,0 2,1 Проект „Пловен Ишим“ Архивирано на 15 мај 2007 г. (руски)

Надворешни врски

уреди
  • Ишим Архивирано на 7 декември 2007 г. — Речник на современи географски поими (руски)

57°41′53″N 71°11′51″E / 57.6981° СГШ; 71.1975° ИГД / 57.6981; 71.1975