Иригографија или иригоскопија со иригографија — сликовна дијагностичка метода во радиологијата наменета за испитување на болести на дебелото црево што е минимално инвазивна. Иригографијата се изведува со рендгенско зрачење, откако на пациентот, за подобро прикажување на структурите на дебелото црево, ректално му се дава контрастно средство (бариумско или јодно) во облик на клизма. Методот начелно е безболен, но кај некои пациенти може да предизвика чувство на непријатност, напнатост и непријатност. Дозата на јонизирачко зрачење на која е изложен пациентот за време на прегледот зависи од времетраењето на прегледот и е многукратно повисока отколку при стандардното снимање на рендген.[1][2]

Иригографија
Медицинска процедура
Иригограм на дебелото црево по бариумска клизма
ICD-9-CM87.64
OPS-301 code:MedlinePlus=

Значење и перспектива на методот

уреди

Интензивниот развој на современи ендоскопски методи,[3] кои даваат увид во состојбата на цревната слузница и мултидетекторски КТ техники кои овозможуваат прецизна евалуација на цревниот ѕид и околните структури, направила иригоскопијата со иригографијата донекаде да ја изгуби својата важност, делумно поради делотворната доза на зрачење која при едно снимање е од 3 до 5 mSv.[4]

Меѓутоа, поради неговата достапност, едноставноста во извршувањето и можноста за испитување на целото дебело црево, овој преглед сè уште често е примарен метод во радиолошката дијагноза на дебелото црево. Пациентите добро ја поднесуваат иригографијата, нејзината цена е прифатлива и има низок постоток на усложнувања (1 перфорација на 25.000 постапки).

Една од предностите на иригографијата во однос на оптичката колоноскопија е попрецизното определување на местото на промените (на пр. кај ракот), што е од големо значење за хируршкото планирање на терапијата.

Кога се изведува со двоен контраст и во услови на хопотонизација, осетливоста на овој метод при откривање на аденоми поголеми од 10 мм може да биде и до 80%.

Показатели

уреди
 
Полипоза на дебелото црево - бројни полипи прикажани на контрастна слика на дебелото црево.
 
Повеќе полипи и голема маса на хепаталната флексура
  • Акушерски услови
  • Нејасна дијареја (пролив)
  • Наоѓање на причината за окултна или видлива крв во столицата
  • Улцеративен колитис и Кронова болест
  • Неспецифичен ентеритис
  • Радијациски ентеритис
  • Постоперативни атхезии (слепување)
  • Тумори на дебелото црево (примарни - бенигни или малигни)
  • Полипи на дебелото црево, доколку не се отстранат при преглед на пр. колоноскопија - може да бидат канцерогени.
  • Дивертикулоза (на ѕидот на дебелото црево образувани мали торбички кои можат да се воспалат).[5][6]
  • Интусусцепција или состојба во која еден дел од цревата е вовлечен во друг (во некои случаи, иригографијата може да ја излечи инвазијата).[7][8]
  • Функционални причини како што е синдром на нервозно дебело црево.
  • Манифестации на дебелото црево кај болести на лимфниот систем
  • Предоперативна проверка пред преместување на анусот.

Спротивни знаци

уреди
Релативни
Апсолутни
  • Акутен абдомен (перитонитис, акутен мезентеритис)
  • Нарушувања на абдоминалната циркулација,
  • Откривање на слободен воздух како индикација за перфорација,
  • Токсичен мегаколон,
  • Длабока биопсија пред помалку од 7 дена.

Подготовки

уреди

За да се изврши снимањето, дебелото црево мора да биде чисто, без измет во него. За успешно да се направи иригографијата, потребно е:

  • Неколку дена пред прегледот да се јаде лесна храна, да се зема лаксатив, а понекогаш е неопходна и клизма.
  • Два дена пред прегледот да се зема лесна и лесно сварлива храна (тестенини, палента, варено посно месо).
  • Истовремено со храната да се зема Dulcolax (3x2 таблети)
  • Вечерта пред прегледот да се испие сируп колокленс, најрано после 17 часот.
  • Утрото пред прегледот да не се консумира храна (прегледот треба да биде на празен стомак).

Тек на прегледот

уреди
 
Бариумска клизма за иригографија

Ова снимање може да се изведе во ординација или во болнички услови, откако дебелото црево е целосно испразнето и „чисто“. За време на самото снимање, пациентот лежи на подвижна маса за снимање, а во дебелото црево во облик на клизма му се внесува радиолошки контрастно средство - раствор на бариум или јод, со цел подобро прикажување на структурите на дебелото црево, за време на изведувањето на радиолошката дијагностичка метода.[9]

Кога контрастното средство ќе се вметне во правото црево со клизма, а радиологот ќе открие дека го наполнил дебелото црево до саканата длабочина и ги направил видливи сите можни промени на дебелото црево, може да започне снимањето.[10][11][12][13]

За време на снимањето, радиологот му дава усни упатства на пациентот што тој мора да ги следи (на пр. „сврти се на десната страна!“, „не диши!“ и слично).

По прегледот, медицинската сестра му помага на испитаникот да стане од масата и го води во тоалетот, каде што треба да го исфрли целиот контраст вбризган со клизма.

Целата постапка на иригографија трае 20-25 минути.

По прегледот, нема посебни ограничувања во исхраната и однесувањето до кои пациентот мора да се придржува.[10][11][12][13] Сепак, пожелно е како мерка на претпазливост:

  • неколку часа одмор,
  • внесување во следните 2-3 дена доволно течност (2 литри вода на ден).

Вообичаено, во текот на следните денови внесениот бариум сулфат ќе биде исфрлен од цревата со изметот. Изметот ќе биде бело обоен во следните денови, додека не се излачи целиот бариум, а конзистентноста на столицата обично не се менува.

Усложнувања

уреди

Реакции на контрастно средство

уреди

Бариумот што во облик на клизма се користи во иригографијата вообичаено добро се поднесува, но одредени нарушувања во облик на алергиска реакција, болка, отекување на цревата и појава на ненадејна стимулација на евакуација на измет може да се појават кај преосетливи пациенти.[14]

Пукање на дебелото црево

уреди

Бариумската клизма е сигурна и безбедна постапка, но како и сите инвазивни тестови, можни се усложнувања, и покрај вештината и искуството на испитувачот. Најсериозното можно усложнување по давање на бариумска клизма е пукање на цревниот ѕид (со последователен перитонит). Оваа појава е доста ретка, ако се има предвид дека се јавува на една од 10.000 иригографии. По ова усложнување, неопходна е хоспитализација, а понекогаш и хируршка поправка на лезијата.

Крвавење

уреди

Заради оштетување на цревната слузница со вметнување на ректална сонда може да дојде и до мало крвавење. Како по правило, ваквите крвавења обично се решаваат спонтано.

Друго

уреди

За време на иригографијата може да се појават следниве непријатности:

  • по примена на антиспазмодични лекови (на пр. бускопана) — мидријаза (заматен вид), запек, тахикардија.

Белешки

уреди
  1. Ако се планира бременост, најдоброе прегледот да се изврши во првите 10 дена од менструалниот циклус за да се избегне штетното дејство на зрачењето на евентуалната почетна бременост.

Наводи

уреди
  1. Biester H, Tatchen R, Holsten D, Reichel K : Retrograde Kolonkontrastdarstellung mit wasserlöslichem Kontrastmittel ( Peritrast RE ) als Notfalleingriff. Chir Gastroenterol 1993 Mar; 9( 1 ): 56-60
  2. Georgi M, Mai S, Misri H, Jungius KP: Stand und Perspektiven der konventionellen radiologischen Diagnostik des Gastrointestinaltrakts. RöFo . 169 (5). November 1998: 453–8. Наводот journal бара |journal= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  3. Harewood, G. C.; Lieberman, D. A. (2004). „Colonoscopy practice patterns since introduction of Medicare coverage for average-r isk screening“. Clin Gastroenterol Hepatol. 2 (1): 72–77. doi:10.1016/S1542-3565(03)00294-5. PMID 15017635..
  4. Chang, G. J.; Kaiser, A. M.; Mills, S.; Rafferty, J. F.; Buie, W. D.; Standards Practice Task Force of the American Society of Colon and Rectal Surgeons (August 2012). „Practice parameters for the management of colon cancer“. Dis Colon Rectum. 55 (8): 831–43. doi:10.1097/DCR.0b013e3182567e13. PMID 22810468.
  5. Hiltunen KM: Early water-soluble contrast enema in the diagnosis of acute colonic diverticulitis. Int J Colorectal Dis 1991 Nov; 6( 4 ): 190-2
  6. Lux G, Langer M: Divertikulose und Divertikulitis beim alten Menschen. Fortschr Med. 116: 26–8, 30, 32–4. 1998. Отсутно или празно |title= (help)
  7. Kirks DR: Air intussusception reduction: „the winds of change“. Pediat. Radiol 1995, 25 ( 4 ) 318
  8. Chapman, A. H.; McNamara, M.; Porter, G. (October 1992). „The acute contrast enema in suspected large bowel obstruction: Value and technique“. Clin Radiol. 46 (4): 273–8. doi:10.1016/S0009-9260(05)80170-9. PMID 1424452.
  9. Hiltunen KM: Early water-soluble contrast enema in the diagnosis of acute colonic diverticulitis. Int J Colorectal Dis 1991 Nov; 6( 4 ): 190-2
  10. 10,0 10,1 Boland GWL. Colon and appendix. In: Boland GWL, ed. Gastrointestinal Imaging: The Requisites. 4th ed. Philadelphia, PA: Elsevier Saunders; 2014:chap 5.
  11. 11,0 11,1 Chernecky CC, Berger BJ. Barium enema. In: Chernecky CC, Berger BJ, eds. Laboratory Tests and Diagnostic Procedures. 6th ed. St Louis, MO: Elsevier Saunders; 2013:183-185.
  12. 12,0 12,1 Lin, J. S.; Piper, M. A.; Perdue, L. A.; Rutter, C. M.; Webber, E. M.; O'Connor, E.; Smith, N.; Whitlock, E. P. (2016). „Screening for colorectal cancer: updated evidence report and systematic review for the US Preventive Services Task Force“. JAMA. 315 (23): 2576–2594. doi:10.1001/jama.2016.3332. PMID 27305422..
  13. 13,0 13,1 Taylor SA, Plumb A. The large bowel. In: Adam A, Dixon AK, Gillard JH, Schaefer-Prokop CM, eds. Grainger & Allison's Diagnostic Radiology: A Textbook of Medical Imaging. 6th ed. Philadelphia, PA: Elsevier Churchill Livingstone; 2015:chap 29.
  14. NOTA INFORMATIVA - CONSENSO INFORMATO RX CLISMA OPACO A DOPPIO CONTRASTO
     Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).