Илјадалетие на Русија
58°31′16.05″N 31°16′30.87″E / 58.5211250° СГШ; 31.2752417° ИГД
Илјадалетие на Русија | |
---|---|
Локално име Russian: Тысячелетие России | |
Местоположба | Велики Новгород, Новгородска област, Русија |
Височина | 15.7m |
Изграден | 1862 |
Службен назив: Историски споменици на Новгород и околината | |
Тип: | Културно |
Критериуми: | ii, iv, vi |
Прогласено: | 1992 (16th session) |
Број | 604 |
Регион: | Источна Европа |
Илјадалетие на Русија (руски: Тысячелетие России) е бронзен споменик во Новгородски кремљ. Бил подигнат во 1862 за прославата на еден милениум од пристигнувањето на Рурик во Новгород, настан кој традиционално се смета за почетна точка на историјата на руската државност.[1]
Горно ниво
уредиСлика | Опис |
---|---|
Ангел (персонификација на Православната црква) носи крст и благословува клекната жена во руска народна носија, потпрена на штит на кој е грбот и годината "1862". Фигурите се изработени од Иван Шредер, а крстот според нацрт на Виктор Хартман. Тие се наоѓаат на орб (симбол на власта на монархот), ишаран со крстови. Околу орбот има натпис: „За илјадалетието на руската држава, кое се случи за време на просперитетното владеење на императорот Александар II во годината 1862“ |
Средно ниво
уредиСлика | Име | Име на руски | Година | Опис |
---|---|---|---|---|
Пристигнувањето на Варјазите во Рус | Призвание варягов на Русь | 862 | Статуа на првиот кнез Рурик со шлем и штит со натпис „година 6370“ (византиски календар). Рурик носи крзно на Рамењата, а зад него се наоѓа словенскиот пагански бог Велес. Фигурата гледа југозападно, во правец кон Киев. | |
Покрстувањето на Русите | Крещение Руси | 988 | Во средината се наоѓа великиот кнез киевски Владимир Светославич, со подигнат византиски крст. Покрај него, стои жена, Словенка, која го поддава своето дете за крштевање и Славјанин кој го соборува идолот на богот Перун. Композицијата гледа во југоисточен правец. | |
Почетокот на изгонувањето на Татарите | Начало изгнания татар | 1380 | Дмитриј Донски, победникот во Куликовската битка, држи боздоган во својата десна рака. Под неговите нозе лежи Мамај, поразениот водач на Златната Орда. Во левата рака Дмитриј Донски држи заробен бунчук, татарски симбол на власта. Композицијата гледа источно. | |
Основање на независно Руско Царство | Основание самодержавного царства Русского | 1491 | Иван Велики облечен во царска византиска облека и мономахова шапка. Во своите раце држи скиптар и орб. Пред него клечи Татар, покрај него Литванец, кој го претставува Големото Кнежевство Литванија, и тевтонски витез со скршен меч, кој го претставува Тевтонскиот ред. Композицијата гледа североисточно. | |
Устоличување на династијата Романови | Начало династии Романовых | 1613 | Младиот цар Михаил Фјодорович се искачува на рускиот престол по надминување на смутното време. Кнезот Дмитриј Пожарски кој го претставува благородништвото го штити со својот меч, а Кузма Минин кој го претставува народот му ја нуди шапката на Мономах и скиптар. Во позадина се гледа сибирски козак кој ја симболизира идната колонизација на Сибир. | |
Основање на Руската Империја | Образование Российской империи | 1721 | Петар Велики со ловоров венец и скипар во десната рака, а зад него ангел кој му го покажува патот кон северозапад, каде што идиот град Санкт Петербург треба да биде основан. Под нозете на Петар се гледа поразен Швеѓанец кој се обидува да го заштити своето искинато знаме. Ова ја симболизира руската победа во Големата северна војна. Композицијата гледа кон северозапад. |
Долни ниво
уредиНа долното ниво се претставени просветители, државници, херои, и писатели и уметници.
Наводи
уреди- ↑ Ketola, Kari; Vihavainen, Timo (2014). Changing Russia? : history, culture and business (1.. изд.). Helsinki: Finemor. стр. 1. ISBN 9527124018.
„Илјадалетие на Русија“ на Ризницата ? |