Или кафе

(Пренасочено од Илиј)

Или кафе С.п.А. (брендирана и стилизирана како illy ) е италијанска компанија за кафе специјализирана за еспресо, со главно седиште во Трст. Компанијата Или го продава своето кафе на глобално ниво.

Или кафе С.п.А.
Видакционерско друштво
ДејностКафе
Основано1933
ОсновачФранческо Или
СедиштеТрст, Италија
Опслужувани подрачја
На глобално ниво
Клучни личности
Андреа Или (претседател)
Максимилијан Пољани (извршен директор)
ПроизводиКафе, еспресо машини
Доход€568 милиони (во 2022)
Вработени
1230 (во 2022)
Мреж. местоilly.com

Или понудува варијации на средно, темно и печено кафе без кофеин; како и варијации на арабика. Компанијата, сезонски произведва арабика со минимално количество кофеин, одгледувана во Ел Салвадор. Компанијата продава: пакувано кафе во вид на цели зрна, мелено кафе, ЕСЕ капсули и капсули ипер-еспресо.

Компанијата е основана во 1933 година од страна на Франческо Или, останува во наследство и контрола на семејството и достигнува да вработи околу 2700+ работници (2015). Приходите во 2016 година изнесувале вкупно 460 милиони евра,[1] Или кафе пробал да се прошири на пазарот во Соединетите држави, нудејќи 20% од акциите во компанијата на потенцијалните инвеститори кон крајот на 2019 година.[2]

Историја

уреди
 
Франческо Или (Или Ференц), основач на компанијата, во 1930 година

Познатата компанија за кафе е основана од Франческо Или кој имал потекло од Унгарија. Франческо бил роден во Темишвар во Австроунгарија, денешна Романија. Тој подоцна се преселил во градот Трст за времетраење на Првата светска војна како офицер во армијата. По војната, тој одлучил да остане во Трст, кој неодамна бил под италијанска власт. Тој во 1933 година основал бизнис со какао и кафе, на крајот концентрирајќи се на кафето.[3] Неговиот главен фокус бил на еспресото. Во 1935 година, Франческо ја создал првата автоматска машина за кафе. Машината ја заменила водата под притисок за пареа, која се продавала како илета, претходник на современите машини за еспресо.[4]

Или направил систем на пакување за зачувување на кафето, каде лименките кои биле полни со кафе биле притисок со азот, за да се спречи оксидација. На крајот кафето Или било продадено надвор од областа Трст и во Италија.

Контролата на компанијата била предадена на Ернесто Или (1925–2008) по Втората светска војна. Ернесто бил син на основачот, кој направил истражувачка лабораторија која на крајот придонела бројни пронајдоци и патенти. Тој покрај тоа што бил научник и истражувач, успеал да воспостави договори за соработка со многу универзитети и истражувачки центри и го промовирал кафето на глобално ниво.[5]

Андреа Или (синот на Ернесто) моментално е претседател на компанијата, а сестрата на Андреа, Ана Или и браќата Франческо Или и Рикардо Или се во одборот на директори.[3] Кафето Или е достапно низ целиот свет, а разликите во цените ги одразуваат глобалните тарифи.

Во Неапол, компанијата Или го основала Универзитетот за кафе, во 1999 година,[6] за поддршка на образованието, истражувањето и иновациите, кои се поврзани со кафето.[7] Универзитетот подоцна бил преместен во канцелариите на компанијата во Трст, а мрежата моментално има 27 филијали ширум светот.[8]

За компанијата

уреди
 
Машина за еспресо Или
 
Метални канистри од зрна кафе Или

Компанијата Или кафе продава производи поврзани со кафе на глобално ниво, приближно во 140 земји во светот. Групацијата Или е составена од неколку компании низ светот, во Северна Америка, Франција, Германија, Шпанија и Бенелукс. Компанијата вработува приближно 800 луѓе низ овие земји.

Или ги купува своите уникатни зелени (суровини) зрна кафе директно од земјите извор, наместо од меѓународните пазари на стоки од крајот на 1980-тите. Особено од Бразил, компанијата исклучиво купува кафе од видот арабика. Бразил е најголемиот производител во светот на кафе, но компанијата исто така купува и од други држави како Колумбија, Индија и земјите во Африка и Средна Америка.

Научната награда Ернесто Или Трст била финансирана од страна на Или кафе, за време траење од 2004 до 2012 година, за да им оддаде признание на научните истражувачи од светот во развој, во соработка со Светската академија на науките.[9] Во документарниот филм „Црно злато“ била вклучена компанијата Или од 2006 година. Во филмот се раскажува за маркетингот на кафе од Етиопија.

Во интервју во јуни 2021 година за „Вол стрит журнал“, претседателот Андреа Или изразил голем интерес за проширување на компанијата во САД.[10]

Кафе и енергетски пијалаци

уреди
 

Познато кафе Или се меша со арабика зрна од повеќе извори. Основата е спакувана во челични канистри наместо со воздух, е под притисок со инертен гас.

Во партнерство со Кока-Кола компанијата, Или создале линија на енергетски пијалаци со вкус на кафе на 22 мај 2009 година. Во 2009 година, АирТран Арвејс почнале да ги служат патниците со пијалакот, кој оттогаш е достапен во пет вкусови: кафе, кафе без шеќер, капучино, лате макијато и кафе мока.[11]

Уметничка соработка

уреди

Братот на Андреа Или, Франческо Или, во 1992 година ја пуштил во продажба „колекцијата уметност на Или“.[12][13] Оваа колекција била создадена за поголема соработка со познати уметници и дизајнери надвор од индустријата за кафе,[14] произведувајќи уметнички дела за чашите на компанијата.[15] Тие развиваат машини за кафе брендирани од компанијата и создаваат специјализирани рекламни фотографии. Роберт Раушенберг, Френсис Форд Копола, Дејвид Бирн, Џеф Кунс, Јоко Оно[13] и Џејмс Розенквист (дизајнер на оригиналното лого на Или), како и архитектите Матео Тун и Лука Траци[12][14] придонеле со уметнички дела за шолја за кафе.[12] Проектот успеал да се прошири и на лименките за кафе на Или во 2006.[12] Во моментов, најновите чаши и други промотивни парчиња и производи на Или, се продаваат на веб-страницата на компанијата, а колекцијата е претставена во галерија на компанијата.[16]

Наводи

уреди
  1. „Illy Annual Report“ (PDF). Посетено на 14 March 2018.
  2. Vinicy Chan, Dinesh Nair, and Daniele Lepido (December 10, 2019). „Illycaffe Kicks Off Stake Sale to Fuel U.S. Expansion“. Bloomberg Newss.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  3. 3,0 3,1 Nicholas Stein; Doris Burke (9 December 2002), „Crisis in a coffee cup“, Fortune, Архивирано од изворникот на 12 January 2015.
  4. John Tagliabue (26 December 2006), „Coffeehouses as fashion boutiques; selling cachet by the cup“, The New York Times, Архивирано од изворникот на 6 December 2014.
  5. Dennis Hevesi (6 February 2008), „Ernesto Illy, chairman of coffee company, is dead at 82“, The New York Times, Архивирано од изворникот на 24 February 2012.
  6. „L'Università del Caffè di illy: storia ed evoluzione della scuola di formazione di Trieste“ [Illy University of Coffee: history and evolution of the training school in Trieste]. www.gamberorosso.it (италијански). 16 January 2017. Посетено на 2019-09-23.
  7. H-art 2011. „Università del Caffè illy who we are“. illy (англиски). Посетено на 2019-09-23.
  8. H-art 2011. „Università del Caffè | illycaffè: branches around the world“. illy (англиски). Посетено на 2019-09-23.
  9. The Ernesto Illy Trieste Science Prize (2005–2008, 2009–2012), The World Academy of Sciences (TWAS), Архивирано од изворникот на 4 December 2013, Посетено на 4 December 2013.
  10. Sylvers, Eric (2021-06-12). „Italy's Illycaffè Sets Its Sights on the U.S. Coffee Market“. Wall Street Journal (англиски). ISSN 0099-9660. Посетено на 2021-07-01.
  11. Illy issimo gives coffee lovers two new tastes of lower calorie decadence anytime, anywhere: Italy's favorite on-the-go coffee drink announces caffè no sugar and mochaccino flavors [press release], BusinessWire, 16 May 2011, Архивирано од изворникот на 19 August 2011.
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 László Zsolnai (15 October 2015). Post-Materialist Business: Spiritual Value-Orientation in Renewing Management. Palgrave Macmillan UK. стр. 61–. ISBN 978-1-137-52598-7.
  13. 13,0 13,1 Laurence Minsky; Ilan Geva (3 November 2019). Global Brand Management: A Guide to Developing, Building & Managing an International Brand. Kogan Page. стр. 131–. ISBN 978-0-7494-8361-6.
  14. 14,0 14,1 Dietmar Sternad; James J. Kennelly; Finbarr Bradley (8 September 2017). Digging Deeper: How Purpose-Driven Enterprises Create Real Value. Taylor & Francis. стр. 171–. ISBN 978-1-351-28378-6.
  15. Eleanor O'Higgins; László Zsolnai (6 September 2017). Progressive Business Models: Creating Sustainable and Pro-Social Enterprise. Springer. стр. 76–. ISBN 978-3-319-58804-9.
  16. Michela Addis (9 January 2012). Ad uso e consumo. Il marketing esperienziale per il manager. Pearson. стр. 81–. ISBN 978-88-7192-704-6.

Надворешни врски

уреди