Извор (Катеринско)

поранешно село во Катеринско, Егејска Македонија

Извор (грчки: Ίζβορος, Изворос;[1] Ισβορος, Исворос[2]) — поранешно село во Катеринско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Катерина на округот Пиерија, Грција.

Извор
Ίζβορος
Извор is located in Грција
Извор
Извор
Местоположба во областа
Извор во рамките на Катерина (општина)
Извор
Местоположба на Извор во општината Катерина и областа Централна Македонија
Координати: 40°21.56′N 22°21.1′E / 40.35933° СГШ; 22.3517° ИГД / 40.35933; 22.3517
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПиерија
ОпштинаКатерина
Општ. единицаЕлафина
Надм. вис.&10000000000000380000000380 м
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓало на околу 3 км северозападно од селото Каталонија, во подножјето на планината Голен.[1]

Историја

уреди

Извор е старо село кое се распаднало во немирните години, најверојатно за време на Негушкото востание во 1822 г.[1]

Подоцна селото е обновено и во него се доведени грчки колонисти. За првпат се спомнува во 1940 г. со 91 жител. Се растурило за време на Граѓанската војна (1946–1949) и не е повторно обновено.[1]

На 6 август 1969 г. местноста Исворос (Ισβορος) е преименувана во Архангелос (Άρχάγγελος).[2] за да се отстрани нејзиното македонско име.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 271. ISBN 9989-9819-5-7.
  2. 2,0 2,1 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 496. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος (грчки). Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 150): 1073. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)