Голен

планина во Берско и Катеринско, Егејска Македонија

Голен (грчки: Γκόλεν, Голен, Γκόλονα, Голона, Κολώνα, Колона) — планина во Берско и Катеринско, Егејска Македонија. Планината е североисточен продолжеток на Пиериските Планини и висока е 1.210 м.[1]

Голен
Γκόλεν
Голен на карта

Карта

Највисока точка
Надм. вис.1.210 м
Координати40°24′17″N 22°15′41″E / 40.4048° СГШ; 22.2614° ИГД / 40.4048; 22.2614
Географија
МестоБерско и Катеринско, Егејска Македонија
Матичен венецКамбуница
Карта

Опис

уреди

Планината е сместен аво јужниот дел на Берско и претставува североисточен продолжеток на Пиериските Планини, од која е одвоена со седлото/превојот Профитис Илијас (780 м) и спротивно сместените потоците Мелисопетра (Вихорос, Платанолакос, притока на Бистрица) и Месопотамос (притока на Пелекас). На север ридестиот крај на планината се протега до Кутлеш (120 м), а на запад падините завршуваат кај реката Бистрица. На некои карти планината е покажана како дел од Пиериските Планини.[1] Некои бугарски карти двете планини ги нарекуваат Камбуница.[2]

Карпите се офиолити.[1]

Клисурата на Бистрица е вклучена во мрежата на заштитени подрачја „Натура 2000“ (1210002) и прогласена е за место од орнитолошка важност (042). Клисурните карпи околу Берскиот манастир се погодни за искачување.[1]

До врвот се стасува од точка (1.050 м) на планинскиот пат Спорлита (880 м) – Восово (610 м) за околу 1,5 часа.[1]

Врвови
Име Грчки Висина (м) Местоположба
Голен Κολώνα, Γκόλεν, Γκόλονα 1.210[1] ЈЗ од Спорлита, ЈИ од Куково
Гуртиотис Γκουρτιώτης 1.040[1] СИ од Восово, Ј од Куково
Елафина Ελαφίνα 1.141[1] И од Восово, Ј од Спорлита
Скурта, Кондовуни Κοντοβούνι, Σκούρτα 1.060[1]
Дудумарка, Лулудотопос Λουλουδότοπος, Ντουντουμάρκα, Δουδουμάρκα 1.080[1] ЈИ од Куково
Моцарис, Мавропетрес Μοτσάρης, Μαυρόπετρες 1.060 – 1.022[1] И од Восово
Николакија Νικολάκια 1.018[1] ЈЗ од Спорлита, ЈИ од Куково
Палиокастро Παλιόκαστρο, Παληόκαστρο 1.005[1]
Пештерија Πεστεριά 1.140[1] И од Восово
Платидромос Πλατύδρομος 1.083[1]
Тумба Петрас Τούμπα Πέτρας 1.029[1]
Тумба, Џука, Цума Τσούμα, Τζούκα 1.144[1] СЗ од Дреништа
Алонаки Αλωνάκι 800[1] И од Восово
Барес, Врохонера Βροχόνερα, Μπάρες 806[1] С од Братиништа и СИ од Куково
Дамаскинија Δαμασκηνιά 900 – 860[1] СЗ од Спорлита
Дистој, Дидимос Лофос Δίδυμος Λόφος, Ντιστόϊ 941[1] С од Спорлита, И од Куково
Кандили Καντήλι, Κανδήλι 890[1] С од Дреништа и СИ од Каталонија
Карута Καρούτα 800[1]
Катапори, Като Вигла Καταπώρι, Κάτω Βίγλα 960[1]
Копачина Κοπατσίνα 850[1] ЈИ од Спорлита
Бара, Лекани, Карути Λεκάνη, Καρούτι, Μπάρα 950[1] СИ од Спорлита, ИСИ од Куково
Палиохерона Παλιοχέρωνα 960[1] ЈИ од Спорлита
Кутлос, Папус Παππούς, Κουτλός 939[1] ЈИ од Братиништа
Моцара, Потистрес Ποτίστρες, Μοτσάρα 952[1] С од Дреништа и СИ од Каталонија
Профитис Илијас Προφήτης Ηλίας 932[1]
Профитис Илијас Προφήτης Ηλίας 883[1]
Скалес Σκάλες 900 – 820[1]
Туфа Τούφα 920 – 800[1] СИ од Восово, Ј од Куково
Цанос Рахи Τσάνος Ράχη 800[1]
Цумес Τσούμες 906[1] И од Братиништа
Факистрес Φακίστρες 780[1] И од Братиништа

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 1,16 1,17 1,18 1,19 1,20 1,21 1,22 1,23 1,24 1,25 1,26 1,27 1,28 1,29 1,30 1,31 1,32 1,33 1,34 1,35 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 411. ISBN 978-960-86676-6-2.
  2. Административна карта на България. Мѣрка 1:400 000. Издава П. Атанасовъ. Съставилъ и изработилъ Г. Продановъ. Държавенъ географски институтъ. 1944.