Избувнување на африкански мајмунски сипаници (2024)
Оваа статија обработува тековно збиднување. Информациите можат брзо да се променат со развојот на настаните. |
Новата варијанта на клад I мајмунски сипаници (претходно наречен англ. monkeypox), утврдена како клад 1б, предизвикала избувнување во Средна Африка уште во септември 2023 г.[1][2] До август 2024 г., биле пријавени над 17.000 случаи, што довело до 590 смртни случаи (приближно 3,5 % смртност), од кои речиси сите биле во Демократска Република Конго.[3][4]
Земји со над 10.000 случаи
Земји од 1.000 до 9.999 случаи
Земји од 100 до 999 случаи
Земји од 1 до 99 случаи
Нема потврдени случаи | |
Заболување | мајмунски сипаници (клад 1б) |
---|---|
Место | првенствено Средна Африка, неколку земји со ограничено ширење |
Настапила | септември 2023 г. — сѐ уште (јавна здравствена закана од меѓународен интерес: 14 август 2024 г. — сѐ уште) |
Досегашни случаи | 18.991 |
Мртви | 591 |
На 14 август 2024 г., Светската здравствена организација (СЗО) го прогласила избувнувањето за вонредна состојба за јавно здравје од меѓународен интерес (PHEIC).[5][1] Мајмунските сипаници се шират преку контакт со заразени примероци, кои можат да останат заразни подолги периоди.
Заднина
уредиВо мај 2022 г., Светската здравствена организација (СЗО) прогласила претходна појава на мајмунски сипаници, предизвикана од различен вид вирус, за глобална здравствена криза. До моментот кога СЗО ја завршила глобалната вонредна состојба во мај 2023 г., избувнувањето заразило 87.000 луѓе и довело до 140 смртни случаи.[6]
Почнувајќи од септември 2023 г., случаите почнале нагло да се зголемуваат во Демократска Република Конго и продолжиле да се зголемуваат во 2024 г. Африканските центри за контрола и спречување на болести (ACDC) објавиле пораст на случаите за 160 % во споредба со претходната година.[7]
Избувнување
уредиПријавени жртви
уреди- Обновено на 22 август 2024 г.
Земја | Случаи[8] | Починати[9][10] | |
---|---|---|---|
Демократска Република Конго | 17.794[11] | 584[12] | |
Бурунди | 572 | 0 | |
Централноафриканска Република | 263[13] | 0 | |
Република Конго | 169[14] | 1 | |
Нигерија | 40 | 0 | |
Камерун | 35[15] | 2 | |
Кенија | 31[16] | 0 | |
Брег на Слоновата Коска | 28 | 1 | |
Јужноафриканска Република | 24[17] | 3 | |
Индонезија | 14[18] | 0 | |
Либерија | 5 | 0 | |
Гана | 4 | 0 | |
Руанда | 4 | 0 | |
Тајван | 3[19] | 0 | |
Уганда | 2 | 0 | |
Шведска | 1[20] | 0 | |
Тајланд | 1[21] | 0 | |
Малави | 1 | 0 | |
Вкупно | 18.991 | 591 |
Вирусологија
уредиМајмунските сипаници се предизвикани од вирусот мајмунски сипаници, кој се шири преку близок контакт со заразени животни или луѓе. Ова вклучува непосреден контакт, како допирање, или посреден контакт, како со загадени чаршафи, облека, игли, па дури и преку полов пат и јадење заразено месо.[22][23][24]
Во април 2024 г., научниците откриле нов сој на мајмунски сипаници во Камитуга, рударски град во Демократска Република Конго.[25] Овој нов сој, наречен „клад Iб“ или „клад 1б“, се чини дека се шири полесно од другите соеви. Истражувачите мислат дека мутирал за подобро да се шири меѓу луѓето, особено во овој оддалечен град каде контактот со животните е ограничен.[22]
Д-р Пласид Мбала-Кингбени од Националниот институт за биомедицински истражувања во ДРК рекол дека оваа нова варијанта означува промена од претходните избувнувања. Новиот сој главно предизвикува повреди на половите органи, што го отежнува дијагностицирањето во споредба со претходните соеви што ги зафатиле градите, стапалата и рацете. Оваа варијанта, исто така, може да се распространува потивко поради нејзините различни симптоми. Историски гледано, соевите на клад I како овој предизвикуваат потешка болест од соевите клад II, кои биле почести за време на избувнувањето од 2022–2023 г.[26][27]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 World Health Organization (14 август 2024). "WHO Director-General declares mpox outbreak a public health emergency of international concern". Соопштение за печат.
- ↑ Cheng, Maria; Christina, Malkia (2 May 2024). „A new form of mpox that may spread more easily found in Congo's biggest outbreak“ (англиски). Associated Press. Архивирано од изворникот 14 August 2024. Посетено на 14 August 2024.
- ↑ Bariyo, Nicholas (14 August 2024). „Rapid Spread of Mpox in Africa Is Global Health Emergency, WHO Says“. The Wall Street Journal. Архивирано од изворникот 14 August 2024. Посетено на 14 August 2024.
- ↑ Cheng, Maria (14 August 2024). „WHO declares mpox outbreaks in Africa a global health emergency as a new form of the virus spreads“ (англиски). Associated Press. Архивирано од изворникот 16 August 2024. Посетено на 14 August 2024.
- ↑ Mandavilli, Apoorva (14 August 2024). „W.H.O. Declares Global Emergency Over New Mpox Outbreak“. The New York Times. Архивирано од изворникот 15 August 2024. Посетено на 14 August 2024.
- ↑ Mandavilli, Apoorva (11 May 2023). „W.H.O. Ends Mpox Global Emergency“. The New York Times. Архивирано од изворникот 15 August 2024. Посетено на 14 August 2024.
- ↑ Africa Centres for Disease Control and Prevention (17 август 2024). "Statement by His Excellency President Cyril Ramaphosa, the African Union Champion on Pandemic Prevention, Preparedness, and Response (PPPR) on the situation of Mpox outbreak in Africa". Соопштение за печат.
- ↑ „Светска здравствена организација 2024 г., стр. 2–3“. dx.doi.org. Посетено на 2024-08-20.
- ↑ Africa Centres for Disease Control and Prevention 2024, стр. 1.
- ↑ World Health Organization 2024, стр. 2–3.
- ↑ Од кои 1.888 се лабораториски потврдени
- ↑ Од кои 8 се лабораториски потврдени
- ↑ Од кои 28 се лабораториски потврдени
- ↑ Од кои 19 се лабораториски потврдени
- ↑ Од кои 5 се лабораториски потврдени
- ↑ Од кои еден од нив е лабораториски потврден
- ↑ „Mpox Updates“ (англиски). National Institute for Communicable Diseases. Архивирано од изворникот 17 August 2024. Посетено на 17 August 2024.
- ↑ „Mpox: Kasus mpox di Indonesia mencapai 14 kasus sepanjang 2024 - Apa gejala dan bagaimana penyebarannya?“. BBC News Indonesia (индонезиски). 2024-08-15. Посетено на 2024-08-22.
- ↑ „Tainan confirms three mpox cases amid global outbreak“. TVBS. 19 August 2024. Архивирано од изворникот 19 August 2024. Посетено на 19 August 2024.
- ↑ „One case of mpox clade I reported in Sweden“. Public Health Agency of Sweden. 15 August 2024. Архивирано од изворникот 16 August 2024. Посетено на 15 August 2024.
- ↑ Wee, Sui-Lee; Jirenuwat, Ryn (21 August 2024). „Thailand Reports Mpox Case in Traveler Who Arrived from Africa“. The New York Times. Архивирано од изворникот 21 August 2024. Посетено на 21 August 2024.
- ↑ 22,0 22,1 Lay, Kat (15 August 2024). „What is mpox and why has it been declared a global health emergency?“. The Guardian (англиски). Архивирано од изворникот 18 August 2024. Посетено на 16 August 2024.
- ↑ „Cosa sappiamo della nuova variante di mpox“. Il Post (италијански). 16 August 2024. Архивирано од изворникот 18 August 2024. Посетено на 16 August 2024.
- ↑ Sampson, Eve (14 August 2024). „What to Know About Mpox“. The New York Times. Архивирано од изворникот 16 August 2024. Посетено на 14 August 2024.
- ↑ Cheng, Maria; Christina, Malkia (2 May 2024). „A new form of mpox that may spread more easily found in Congo's biggest outbreak“ (англиски). Associated Press. Архивирано од изворникот 14 August 2024. Посетено на 14 August 2024.
- ↑ Cheng, Maria; Christina, Malkia (2 May 2024). „A new form of mpox that may spread more easily found in Congo's biggest outbreak“ (англиски). Associated Press. Архивирано од изворникот 14 August 2024. Посетено на 14 August 2024.
- ↑ „Cosa sappiamo della nuova variante di mpox“. Il Post (италијански). 16 August 2024. Архивирано од изворникот 18 August 2024. Посетено на 16 August 2024.
Надворешни врски
уреди- Murhula Masirika, Leandre; Kumar, Anuj; Dutt, Mansi; Toloue Ostadgavahi, Ali; Hewins, Benjamin; Bubala Nadine, Maliyamungu; Kitwanda Steeven, Bilembo; Kumbana Mweshi, Franklin; Mutimbwa Mambo, Léandre; Bengehya Mbiribindi, Justin; Belesi Siangoli, Freddy; A Kelvin, Alyson; Claude Udahemuka, Jean; Kelvin, Patricia; Flores, Luis; Kelvin, David; Sganzerla Martinez, Gustavo (April 2024). "Complete Genome Sequencing, Annotation, and Mutational Profiling of the Novel Clade I Human Mpox Virus, Kamituga Strain". Journal of Infection in Developing Countries. 18 (4): 600–608. doi:10.3855/jidc.20136. PMID 38728644