Мајмунски сипаници

Мајмунски сипаници (англиски: Monkeypox, скратено: mpox, познато и како африкански сипаници) — заразна болест на животните и луѓето, која се одликува со треска, општо труење и појава на егзантема.[1] Предизвикувачкиот агенс на мајмунски сипаници е вирусот mpox од семејството поксвируси (неговото поранешно име е англиски: monkeypox) и е генетски близок со вирусот Variola, предизвикувачкиот агенс на човечките сипаници.[2][3]

Мајмунски сипаници
Мајмунски сипаници на раката и ногата на четиригодишно девојче во 1971 г.
СпецијалностЗаразна болест
Симптомиосип, треска, исцрпеност, отечени лимфни јазли, мускулни болки, воспалено грло
Компликациивторични зарази, пневмонија, сепса, енцефалит и губење на видот со тешка очна зараза
Вообичаена појаваод 5 до 21 ден по изложувањето
Времетраењеод 2 до 4 недели
Видовиклад I, клад II
Причинителивирус мајмунски сипаници
Дијагностички методиспитување за вирусна ДНК
Диференцијална дијагнозаваричела, сипаници
Спречувањевакцина за сипаници и мајмунски сипаници, миење на рацете, држење растојание
Лековитековиримат, противвирусни лекови
Прогнозаповеќето се опоравуваат

Во 2023 г., во Демократска Република Конго била утврдена појава на клад I мајмунски сипаници. До август 2024 г., вирусот се проширил во повеќе африкански земји, предизвикувајќи загриженост дека можеби се прилагодува за поодржлив пренос на луѓе.[4][5] На 14 август 2024 г., СЗО ја прогласила епидемијата за вонредна состојба за јавно здравје од меѓународен интерес (PHEIC).[6] Следниот ден, Шведска го пријавила својот прв случај надвор од Африка.[7]

Вакцинацијата се препорачува за лица со висок ризик од зараза.[8] Иако не постои вакцина конкретно за мајмунски сипаници, вакцините против големи сипаници се покажале како успешни.[9] Не постои насочено лечење за мајмунски сипаници; затоа, лекувањето се сосредоточува на управување на симптомите и спречување на усложнувања.[10] Противвирусни лекови како тековиримат можат да се користат за лекување на мајмунски сипаници, но нивната ефикасност не е целосно утврдена.[11]

Пренос

уреди

Се верува дека вирусот мајмунски сипаници има мали цицачи во тропска Африка како негов природен резервоар.[12] Пренесувањето од животни на луѓе може да се случи преку каснувања или гребаници, или преку дејности како што се лов, одерување или готвење заразени животни. Вирусот навлегува во телото преку повредена кожа или лигави површини како што се устата, дишните патишта или половите органи.[13]

Преносот на мајмунски сипаници од човек на човек може да се случи преку контакт со заразен материјал од повреда или течности од кожата, устата или половите органи, вклучително и преку допирање, близок контакт и полова дејност. Може да се распространува и преку воздушен-капен пат при зборување, кашлање или кивање.[14][15] За време на глобалната епидемија на Клад II од 2022–2023 г., преносот кај луѓето првенствено бил преку полов пат.[16]

Ризикот од зараза од фомити, како облека или постелнина загадени од заразено лице, е помал, но сепак треба да се преземат претпазни мерки.[17]

Наводи

уреди
  1. „Оспа обезьян (руски)“. web.archive.org. 2010-11-23. Архивирано од изворникот на 2010-11-23. Посетено на 2024-08-17.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. Centers for Disease Control and Prevention, National Center for Emerging and Zoonotic Infectious Diseases (NCEZID), Division of High-Consequence Pathogens and Pathology (DHCPP), уред. (2022). „About Mpox“. CDC (англиски). стр. /. Архивирано од изворникот на 20230513085645. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help); Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
  3. „Mpox (formerly Monkeypox)“. NIAID (англиски). 2022. стр. /. Архивирано од изворникот на 20230502000437. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help); Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
  4. „How scientists are racing to understand the new Mpox strain in the Democratic Republic of the Congo“. VaccinesWork | Gavi, the Vaccine Alliance (англиски). 30 July 2024. Посетено на 6 August 2024.
  5. „WHO considers public health emergency as mpox cases mount in Africa“. University of Minnesota | CIDRAP (англиски). 5 August 2024. Архивирано од изворникот 6 August 2024. Посетено на 6 August 2024.
  6. „WHO declares mpox a public health emergency as newer strain spreads in Africa“. www.msn.com. 14 August 2024. Посетено на 14 August 2024.
  7. „Sweden confirms first case of mpox strain outside Africa“. Al Jazeera. 15 August 2024. Посетено на 16 August 2024.
  8. „WHO Factsheet – Mpox (Monkeypox)“. World Health Organization (WHO). 18 April 2023. Архивирано од изворникот 21 April 2022. Посетено на 21 May 2023.
  9. Christodoulidou MM, Mabbott NA (1 January 2023). „Efficacy of smallpox vaccines against Mpox infections in humans“. Immunotherapy Advances. 3 (1): ltad020. doi:10.1093/immadv/ltad020. PMC 10598838 Проверете ја вредноста |pmc= (help). PMID 37886620 Проверете ја вредноста |pmid= (help).
  10. „WHO Factsheet – Mpox (Monkeypox)“. World Health Organization (WHO). 18 April 2023. Архивирано од изворникот 21 April 2022. Посетено на 21 May 2023.
  11. „Patient's Guide to Mpox Treatment with Tecovirimat (TPOXX)“. Centers for Disease Control and Prevention. 28 November 2022. Архивирано од изворникот 24 May 2023. Посетено на 24 May 2023.
  12. Moore MJ, Rathish B, Zahra F (30 November 2022), „Mpox (Monkeypox)“, StatPearls, StatPearls Publishing, PMID 34662033 Проверете ја вредноста |pmid= (help), Архивирано од изворникот 16 March 2023, Посетено на 26 May 2023
  13. „WHO Factsheet – Mpox (Monkeypox)“. World Health Organization (WHO). 18 April 2023. Архивирано од изворникот 21 April 2022. Посетено на 21 May 2023.
  14. „WHO Factsheet – Mpox (Monkeypox)“. World Health Organization (WHO). 18 April 2023. Архивирано од изворникот 21 April 2022. Посетено на 21 May 2023.
  15. „Mpox – How It Spreads“. Centers for Disease Control and Prevention (англиски). 2 February 2023. Архивирано од изворникот 21 May 2023. Посетено на 23 May 2023.
  16. „Safer Sex, Social Gatherings, and Mpox“. Centers for Disease Control and Prevention (англиски). 28 April 2023. Архивирано од изворникот 29 May 2023. Посетено на 26 May 2023.
  17. „Mpox – How It Spreads“. Centers for Disease Control and Prevention (англиски). 2 February 2023. Архивирано од изворникот 21 May 2023. Посетено на 23 May 2023.

Надворешни врски

уреди