Македонски парламентарни избори (2002)

(Пренасочено од Избори 2002)

Парламентарните избори 2002 година се одржани на 15 септември 2002 година. Тоа биле првите парламентарни избори што се одржале според новиот пропорционален изборен систем, во шест изборни единици. Победа извојува опозициската коалиција „За Македонија заедно“, по што по четиригодишна пауза на власт се вратил Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Големи спорови предизвикало вклучувањето во владината коалиција на Демократската унија за интеграција, основана од страна на раководството на ОНА, која претходната година го предизвикала Конфликтот од 2001 година.

Македонски парламентарни избори, 2002
Македонија
1998 ←
15 септември 2002 → 2006

120 мандати во Собранието
61 места за мнозинство
  Прва партија Втора партија Трета партија
 
Branko-Crvenkovski.JPG
Ljubco Georgievski (cropped).jpg
Ali Ahmeti.jpg
Водач Бранко Црвенковски Љупчо Георгиевски Али Ахмети
Партија СДСМ ВМРО-ДПМНЕ ДУИ
Последни избори 27 мандати 49 мандати нова
Освоени места 60 мандати 33 мандати 16
Промена во местата 33 16 16
Добиени гласови 497.342 299.179 145.615
Удел 41,58 25,02% 13,3%

  Четврта партија Петта партија
 
Водач Арбен Џафери
Партија ДПА ПДП
Последни избори 11 14
Освоени места 7 2
Промена во местата 4 12
Добиени гласови 64.025 26.853
Удел 5,35% 2,25%

Премиер пред изборите

Љупчо Георгиевски
ВМРО-ДПМНЕ

Избран за Премиер

Бранко Црвенковски
СДСМ

Гласачкиот одзив бил 73,4 %.[1]

Учесници на изборите

уреди

На изборите учествувале следните политички партии и коалиции:

  1. ВМРО - Вистинска македонска реформска опција, Демократска партија за православно единство на Србите и Македонците, Македонска христијанска партија
  2. ВМРО-ДПМНЕ, Либерална партија
  3. Движење за обнова на Македонија, Партија на пензионерите на Р Македонија
  4. Демократски центар, Партија на зелените
  5. Македонска алијанса, Македонска народна партија
  6. Лига за демократија, Демократски сојуз на Србите во Македонија, Партија на Власите од Македонија, Демократска Муслиманска партија, Партија за демократско движење на Египќаните во Македонија, Странка на демократска акција на Македонија
  7. За Македонија заедно: Социјалдемократски сојуз на Македонија, Либерално демократска партија, Обединета партија на Ромите на Македонија, Демократска лига на Бошњаците, Демократски сојуз на Власите, Демократска партија на Србите, Демократска партија на Турците, Работничка земјоделска партија, Социјалистичка христијанска партија на Македонија, Зелена партија на Македонија
  8. Бошњачка демократска партија
  9. ВМРО - Македонска
  10. ВМРО-Обединета
  11. Демократска алтернатива
  12. Демократска партија на Албанците
  13. Демократска партија на Македонија
  14. Демократска партија Напред Македонијо форца
  15. Демократска унија за интеграција
  16. Демократски сојуз
  17. Комунистичка партија на Македонија
  18. МААК-Единствена македонска опција
  19. Народна волја
  20. Национална демократска партија
  21. Народно движење на Македонија
  22. Нова демократија
  23. Партија за демократски просперитет
  24. Партија за единство на Ромите во РМ
  25. Партија на правдата
  26. Партија за целосна еманципација на Ромите
  27. Преродба и обединување на македонските национални идеал
  28. Прогресивна партија
  29. Републиканска партија на Македонија
  30. Семакедонска работничка партија
  31. Сојуз на Ромите од Македонија
  32. Социјалдемократска партија на Македонија
  33. Социјалистичка партија на Македонија

На изборите биле истакнати и неколку кандидатски списоци на група граѓани. Нивни носители биле: Игор Џамбазов, Горан Николовски, Христо Георгиевски, Дејан Панделески и Младен Михајловски.

Резултати

уреди

Освоените гласови и распределбата на мандатите во новоформираниот состав на Собранието биле следниве:[2]

Политички партии и коалиции Освоени гласови % Освоени мандати % +/-
За Македонија заедно (СДСМ, ЛДП и др.) 497.342 41,58 60 50,0 33
ВМРО ДПМНЕ и ЛПМ 299.179 25,02 33 27,5 16
ДУИ 145.615 12,18 16 13,3 16
ДПА 64.025 5,35 7 5,8 4
ПДП 26.853 2,25 2 1,7 12
НДП 26.406 2,21 1 0,8 1
СПМ 26.005 2,17 1 0,8 0
ДА 17.453 1,46 0 0 13
ДС 14.971 1,25 0 0 0
ВМРО - Македонска 10.208 0,85 0 0 0
ВМРО - ВМРО и др. 8.498 0,71 0 0 0
Останати 0 0 1
Вкупно 1.195.887 100 120 100

Освоени мандати по политички партии

уреди

Распределбата на мандатите по партии е следната:[3]

Партија/коалиција Мандати +/-
За Македонија заедно Социјалдемократски сојуз на Македонија 43 16
Либерално демократска партија 12 8
Демократска партија на Турците 2 2
Обединета партија на Ромите на Македонија 1 1
Демократска лига на Бошњаците 1 1
Демократска партија на Србите 1 1
Коалиција ВМРО ДПМНЕ и ЛПМ ВМРО ДПМНЕ 27 22
Либерална партија на Македонија 5 5
Партија за движење на Турците во Македонија 1 1
ДУИ 16 16
ДПА 7 4
ПДП 2 12
НДП 1 1
СПМ 1 0
Вкупно 120 14

Освоени мандати по изборни единици

уреди

Резултати по изборни единици

уреди

Освоените мандати по изборни единици се следните:[4]

Изборна единица СДСМ ВМРО-ДПМНЕ ДУИ ДПА ПДП НДП СПМ Вкупно
ИЕ 1 13 4 2 1 0 0 0 20
ИЕ 2 11 4 2 1 1 1 0 20
ИЕ 3 11 8 0 0 0 0 1 20
ИЕ 4 11 9 0 0 0 0 0 20
ИЕ 5 10 7 2 1 0 0 0 20
ИЕ 6 4 1 10 4 1 0 0 20
Вкупно 60 33 16 7 2 1 1 120
Извор: ДИК[5]

Наводи

уреди
  1. Финален извештај на мисијата за набљудување на изборите на ОБСЕ/ОДИХР, 4 стр.
  2. Државна изборна комисија[мртва врска]
  3. Собрание на Република Македонија Мандатен извештај 2002-2006, 16 стр.
  4. Собрание на Република Македонија Мандатен извештај 2002-2006, 10 стр.
  5. https://drive.google.com/file/d/1d_ByEudB7wgYvRnJRyOD67_TXGRJud7V/view

Надворешни врски

уреди