Ивлин
Ивлин (фр. Yvelines) е департман во регионот Ил де Франс, Франција.
Ивлин Yvelines | ||
---|---|---|
Департман | ||
Местоположбата на Ивлин во Франција | ||
Координати: 48°50′N 1°55′E / 48.833° СГШ; 1.917° ИГД | ||
Земја | Франција | |
Регион | Ил де Франс | |
Префектура | Версај | |
Потпрефектури | Мант ла Жоли Рамбује Сен Жермен ан Ле | |
Управа | ||
• Претс. на ген. совет | Пјер Бедје | |
Површина1 | ||
• Вкупна | 2.284 км2 (882 ми2) | |
Население (2006) | ||
• Вкупно | 1.395.804 | |
• Ранг | 9. | |
• Густина | 610/км2 (1,600/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Депртман бр. | 78 | |
Окрузи | 4 | |
Кантони | 39 | |
Општини | 262 | |
^1 Податоци од катастарот на Франција. Не се вбројуваат речни устија, езера, бари и ледници поголеми од 1 км2 |
Историја
уредиДепартманот Ивлин е создаден на 1 јануари 1968 со составување на западниот дел на некогашниот департман Сена и Оаза согласно законот изгласан во 1964 и указот за спроведување од 1965 г.
Во 1969 г. кон департманот се приклучени и општините Шатофор и Туси ле Нобл од соседниот департман Есона.
Географија
уредиИвлин се граничи со департманот Долина на Оаза на север, Сенските Висови на исток, Есона на југоисток, Ер и Лоар на југозапад и Ер на запад.
Источниот дел на департманот, како и северниот дел долж реката Сена е всушност предградие на Париз, но остатокот од департманот е рурален. Голема површина зафаќа шумата Рамбује (наречена и Ивлин, од кајшто доаѓа името на департманот).
Покрај Версај (префектура) и потпрефектурите Мант ла Жоли, Рамбује и Сен Жермен ан Ле, други поважни места се Конфлан-Сент-Онорин, Поаси, Ле Миро, Уј, Плезир, Сартрувил, Шату, Ле Шезне и збирната заедница Сен-Кентен-ан-Ивлин.
Во Ивлин има два регионални парка: Горна Шевреска Долина и дел од паркот Вексен Франсе.
Знаменитости
уредиДворци
уредиМузеи
уреди- Музеј на национални старини (Сен Жермен ан Ле)
- Музеј на речно-каналските занаети (Конфлан Сент Онорин)
- Музеј на коњски запреги (Версај)
- Музеј на играчки (Поаси)
- Музеј на овчарството (Рамбује)
- Музеј на ткаенини (Жуи-ан-Жоза)
- Национален амбарски музеј Пор-Ројал (Мањи ле Амо)
- Меѓуанроден музеј на наивна уметност
- Музеј Ламбине (Версај)
Домови на уметници и писатели
уреди- Андре Дерен (Шамбурси)
- Елза Триоле-Арагон (Сен Арно ан Ивлин)
- Емил Зола (Медан)
- Морис Равел (Монфор Ламори)
- Иван Тургењев (Бугивал)
- Александар Дима (Ле Пор Марли)
- Жан-Клод Ришар (Сен Ном ла Бретеш)
Паркови и градини
уреди- Шеврлупски арборетум (Роканкур)
- Посед Марли (Марли ле Роа)
- Градина на замокот Во-сир-Сен (Во на Сена)
- Кралевата зеленчукова градина (Версај)
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Префектура на Ивлин (француски)
- Генерален совет на Ивлин (француски)
- Историја на славните личности на Ивлин Архивирано на 1 март 2009 г. (француски)