Иван Денковски
Иван Денковски ( 1922 во Бучинци, Скопско — 12 април 1945 во Винковци, Хрватска)— македонски партизан, учесник во НОВ.[1]
Иван Денковски | ||
Роден | 1922 година Бучинци, Скопско, Македонија под окупација на Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 12 април 1945 година Винковци, Хрватска |
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно селско семејство. Основно училиште завршил во селото, а потоа уште како младинец работел на одржување на железничката линија кај Миладиновци. Бил регрутиран во фашистичката бугарска војска, од која во септември 1944 година се префрлил во новоформираната единица Гоце Делчев. Подоцна бил распореден во состав на 3 македонска ударна бригада, со која учествувал во повеќе борби и акции за ослободување на Македонија и Србија, односно во ликвидирањето на преостанатите балистички банди. Потоа со Бригадата заминал во близината на Белград. Таму ја завршил тримесечната обука и откако ја совладал вештината во ракувањето со новодобиеното оружје и фронталното војување, земал учество во пробивот на Сремскиот фронт. Како храбар борец бил истакнуван за пример во единицата.[1]
На 12 април 1945 година, учествувал во јуришот на непријателските позиции. Кога неговата единица стигнала пред Винковци, тој бил погоден од смртоносоен рафал. Бил закопан на местото, каде што загинал.[1]