Иванчо Ристов Андоноски ( 1920 во Лавчани, Кичевско1944 во Сува Гора) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Иванчо Андоноски
Роден 1920 година
Лавчани, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 1944 година
Сува Гора, Полошки Регион, Македонија
Националност Македонец

Животопис

уреди

Потекнувал во сиромашно семејство. Поради големата сиромаштија бил принуден да оди на печалба во Белград од каде се вратил веднаш по окупацијата. Бил прифатен од Партијата и се борел против собирањето спахилак, меѓутоа поради несогласување со семејството избегал во Мариово каде бил рударски работник. Работел некое време, а потоа стапил во редовите на Шестата бригада и учествувал во борбите за ослободување на Кичево. Загинал во есента 1944 година во борба со балистите на Сува Гора.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 38.