Зоре Фиданов Алексоски ( 1921 во Долно Добреноец, Кичевско1944 во Велмеј, Охридско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Зоре Алексоски
Роден 1921 година
Долно Добреноец, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал април, 1944 година
Велмеј, Македонија
Националност Македонец

Животопис

уреди

По занимање бил земјоделец. Во народоослободителното движење се вклучил уште во летото 1943 година кога стапил во редовите на Кичевско - мавровскиот партизански одред, а со формирањето на Првата македонско-косовска бригада, влегол во нејзиниот состав. Со Бригадата учествувал во борбите во Егејска Македонија и Богомила. Враќајки се со главнината на Бригадата, загинал кај селото Велмеј - Охридско, во борба со Бугарите во април 1944 година.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 35.