Зора Антеска
Зора Антеска ( 1885 во Тетово — 1968 во Тетово) — учесник во НОВ на Македонија.[1]
Животопис
уредиОд април 1941 година својата куќа ја ставила на располагање на Партијата. Во нејзиниот дом се одржувале илегални состаноцн на партиските раководства, престојувале илегалци. Од есента 1941 година се преселила во Скопје и продолжила со истата активност. Била курир на НОД, била испраќана и во внатрешноста (Битола или до бугарско-италијанската граница кон Тетово). Мошне е активна во опфаќањето на постари жени. Во пролетта 1944 година била член на Одборот на АФЖ во Тетово. Се грижела за изнаоѓање на илегални станови. Често била изложувана на терор од страна на бугарскиот окупатор. Таа е мајка на првоборецот Иљо Антески - Смок, обесен во Тиранскиот затвор, Албанија, на 17 мај 1943 година.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уредиОваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |