Проф. д-р Зоран Панов е декан на Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Факултетски студии завршил на Рударско-геолошки факултет во Штип при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“Скопје во 1993 година. Академскиот живот го продолжил на истиот факултет каде што во 1997 година ги завршил магистерските студии. Докторски студии завршил во 2001 година, повторно на Рударско-геолошки факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Своето работно искуство го започнал во 1994 година како помлад асистент во Рударско-геолошкиот факултет во Штип. Во 1997 година станал асистент по предметот Проектирање на рудници. Работното искуство го продолжил како доцент во 2002 година по предметот Основи на проектирање, а во 2007 година преминал во вонреден професор[1]. Денес ја извршува функцијата декан[2] на Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.

Интерес во науката на проф. д-р Зоран Панов[3]:

  • Проектирање во рударството,
  • Механика на карпи,
  • Моделирање,
  • Графика и дизајн,
  • Експлоатација на архитектонско-градежен камен,
  • Експлоатација на јаглен,
  • Гасификација на јаглен,
  • Екологија.

Наставна област

Проф. д-р Зоран Панов е професор на повеќе предмети на Факултет за природни и технички науки, поврзани со неговиот интерес во науката, како што се: Технички науки, Рударство, Механика на карпи, Графика и дизајн[4].

Членува во професионалната асоцијација Асоцијација за производство и користење на архитектонско-градежен камен „Камен“, Р. Македонија.

Наводи

уреди
  1. „Официјално мрежно место на Факултет за природни и технички науки - „Наставници". Архивирано од изворникот на 2013-10-03. Посетено на 2013-07-09.
  2. „Официјално мрежно место на Факултет за природни и технички науки - „За факултетот". Архивирано од изворникот на 2013-09-06. Посетено на 2013-07-09.
  3. Официјално мрежно место на проф. д-р Зоран Панов
  4. „Студиски и предметни програми за прв циклус на студии на ФПТН“. Архивирано од изворникот на 2013-03-30. Посетено на 2013-07-09.

Надворешни врски

уреди