Златно јајце со часовник (Фабержеово јајце)
Златно јајце со часовник — царско Фабержеово јајце, едно од низата од педесет и две украсени јајца направено од страна на Август Холмстрем под водство на Петар Карл Фаберже за руското царско семејство во 1887 година. Било изработено и доставено на тогашниот цар на Русија, Александар III, кој го подарил на својата сопруга Марија Фјодоровна на Велигден 1887 година. Јајцето било создадено во стил на Луј XVI и се состоело од 18 каратна златна кутија потпрено на златен прстен со брановити украси поставена на три нозе кои завршуваат како лавји шепи. На овие нозе се фестони од рози и ливчиња направени од различни обоени златни легури и во средината на секоја страна со овални сафири. Над секој сафир има златна машна украсена со низа ситни дијаманти, а на предната страна на јајцето има еден поголем дијамант.[1] Јајцето било изгубено со години, но повторно било откриено во 2012 година.[2] Повторното откривање на ова јајце било јавно објавено во повеќе статии од весниците во 2014 година.
Златно јајце со часовник | |
---|---|
Јајцето „Златно јајце со часовник“ | |
Година на изработка | 1887 |
Нарачател | Александар III |
Примател | Марија Фјодоровна |
Моментален сопственик | |
Индивидуална или институционална | неидентификуван приватен колекционер |
Година на стекнување | 2014 |
Дизајн и материјали | |
Мастер | Август Холмстрем |
Употребен материјал | скапоцени камења, злато, бел емајл, дијаманти |
Висина | 82 мм |
Изненадување | часовник |
Изненадување
уредиЧасовник од 14 каратно златно со бел емајл и дијамант.
Изложби
уреди- март 1902 г. во Санкт Петербург
- 14–17 април 2014 во Лондон
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Кристел Меканлес (2017). „Fabergé Imperial Egg Chronology“. Fabergé Research Site. Архивирано од изворникот на 6 август 2017.
- ↑ Синг, Анита (18 март 2014). „The £20m Fabergé egg that was almost sold for scrap“. The Telegraph. Архивирано од изворникот на 28 мај 2014. Посетено на 1 јуни 2014.