Август Холмстрем
Август Вилхелм Холстрем (фински: August Wilhelm Holmström) — фински и руски кујунџија и златар.
Се родил во Хелсинки, Финска во 1829 година. Се школувал во Санкт Петербург, а од 1857 година поседувал своја работилница. Бил постар член на работилницата на Фаберже, каде бил главен јувелир и исто така произведувал делови. Починал во 1903 година. Неговиот син Алберт Холмстрем ги продолжил чекорите на неговиот татко по неговата смрт и ги користел истите иницијали, AH.
Наводи
уреди- G.von Habsburg-Lothringen & A.von Solodkoff, Fabergé - Court Jeweler to the Tsars (1979)
- Geoffrey Watts, Russian Silversmiths' Hallmarks (1700 to 1917) (2006)