Златко Трајковски

Златко Трајковски - Хинки (Скопје, 21 април 1960Скопје, 9 декември 2017) — македонски уметник.

Златко Трајковски - Хинки
Роден 21 април 1960
Скопје, НР Македонија СР Македонија
Починал 9 декември 2017
Скопје, Македонија Македонија
Занимање уметник

Животопис

уреди

Трајковски е роден во Скопје во 1960 година. Негова сестра е новинарката Катица Трајковска Абјаниќ. Студирал графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на професорите Димитар Малиданов и Димче Николов. Од 1986 година почнал да се занимава со колажи, со кои најпрво изведувал анимации во видеопроекти, а подоцна ја користел оваа техника самостојно, често внесувајќи ги овие дела во своите инсталации. Од 1987 година се занимавал со видео: "Closeness", 1987 (со А .Станковски и Х. Попдучев); "The Song of Love" (со А. Станковски), „Кокино" (со А. Станковски и Д. Абјаниќ), 1996, "Драма на Прогонот".

Во 1991 година во Скопје реализирал шест перформанси: март, Центар за култура и информации - "За пролетта што нема да дојде"; јуни, Дом на младите "25 мај"- "Во земјата Мордор"; јули, Куршумли-ан - "Седиште на милосрдието"; октомври, Дом на младите "25 Мај" - "Ехолалија"; декември, Даут-пашин амам. Во февруари 1995 година, МКЦ - "Ouch Puch".

Позначајни самостојни изложби

1988 - Дом на младите "25 Мај", Скопје 1989 - Дом на младите "25 Мај", Скопје, "Closeness" 1990 - Дом на младите "25 Мај", Скопје (со И.Тошевски) 1993 - Галерија "Мијачки зографи", Скопје, "Олтар" 1994 - Музеј на Град Скопје, Скопје 2003 - Мигдал - музичко издание 2006 - Национална галерија на Македонија, Мултимедијален центар Мала Станица, Скопје, Re4m, перформанс

Починал во Скопје на 9 декември 2017 година.[1]

Наводи

уреди
  1. IN MEMORIAM: Почина Златко Трајковски Хинки. Архивирано од изворникот на 2017-12-14. Посетено на 2017-12-10.