Златиборски Округ

Златиборски Округ — округ кој се наоѓа во западниот дел на Република Србија и зафаќа површина од 6.142 квадратни километри, со што е најголемиот округ во Србија. Вклучува еден град и повеќе општини:

  1. Град Ужице - градски населби: Севојно и Ужице (седиште),
  2. Општина Бајина Башта - седиште на општината е градската населба Бајина Башта,
  3. Општина Косјериќ - седиште на општината е градот Косјериќ,
  4. Општина Пожега - седиште на општината е градот Пожега,
  5. Општина Чајетина - седиште на општината е населбата Чајетина,
  6. Општина Ариље - седиште на општината е градската населба Ариље,
  7. Општина Прибој - седиште на општината е градската населба Прибој,
  8. Општина Нова Варош - седиште на општината е градската населба Нова Варош,
  9. Општина Пријепоље - седиште на општината е градската населба Пријепоље и
  10. Општина Сјеница - седиште на општината е градската населба Сјеница .
Златиборски Округ
Златиборски управни округ
Zlatiborski upravni okrug
Округ во Србија
Images from the Zlatibor District
Местоположба на Златиборскиот Округ во Србија
Местоположба на Златиборскиот Округ во Србија
Држава Србија
РегионШумадија и Западна Србија
Седиште на округотУжице
Управа
 • Градоначалник на округотБобан Перижиќ
Површина
 • Вкупно6,140 км2 (2,371 ми2)
Население (попис од 2011)
 • Вкупно286,549
 • Густина46,7/км2 (1,210/ми2)
ISO 3166RS-16
Општини9 и 1 град
Населби438
- Градови11
- Села427
Мреж. местоzlatiborskiokrug.net

Вкупно 284.929 жители (Попис 2011). Седиште на округот е Ужице.

Споменици на културата

уреди
 
Манастир Милешева
 
Меморијалниот комплекс Кадињача

Еден од најстарите културни споменици во овој регион е Белата црква во Каран. Изградена е помеѓу 1340 и 1342 година, а потоа била живописана. Во градот Ужице има две цркви, и двете стари и интересни: црквата Свети Марко во Варош била изградена пред 1828 година, а црквата Свети Ѓорѓи, денешната соборна црква во Ужице, била изградена од 1842 до 1844 година.

Недалеку од Бајина Башта се наоѓа манастирот Рача од 13 век. Ја изградил Стефан Драгутин. Во текот на својата историја, овој манастир неколкупати бил разурнуван и обновуван. Последен пат (по Турците и австроунгарската војска ) Рача во 1943 година ја запалиле Бугарите. Манастирот е обновен по Втората светска војна и денес, поради убавината на иконостасот, се смета за исклучителен споменик на српската култура. Задужбина на кралот Драгутин на овие простори е црквата Свети Ахил во Ариље, по која Ариље го добило името.

Манастирот Милешева бил изграден во 1218–1219 година и се наоѓа во близина на Пријепоље. Претставува задужбина на кралот Владислав, син на Стефан Првовенчани. Иако овој манастир неколкупати бил опожарен, зачувани се околу 100 композиции, фрески од поединечни ликови и фрагменти. Најпознатата фреска е „Белиот ангел“, наслов на голем број српски книги и монографии.

Манастирот Свети Никола од 12 век се наоѓа во Бања кај Прибој, извесно време бил седиште на Дабробосанската епархија, а во негова близина била откриена богата ризница. Во селото Мажиќ се наоѓа црквата Св. Ѓорѓи исто така од 12 век, во која се наоѓала една од најстарите болници.

Денес во Ужице од стопански претпријатие постојат: валалница за бакар и алуминиум во Севојно, Металски комбинат „Први Партизан“, Текстилна индустрија „Фротекс“, Конфекција „Кадињача“ итн.

Автомобилската фабрика ФАП, која извезува камиони и автобуси низ светот, е изградена во Прибој, аздруженото претпријатие ФАП - ФАМОС произведува комерцијални возила. Денес, Прибој е попознат по бањата, која има исклучителен квалитет на вода, која лекува ревматски, кожни болести и стерилитет.

Демографија

уреди
 
Територијална поделба на Златиборскиот Округ

Според пописот од 2002 година во областа Златибор има 313.396 жители. Разликата меѓу наталитетот и стапката на смртност во оваа област е -582, така што природниот прираст е -1,9 ‰. Најголем природен прираст има општината Сјеница со 199 жители (7,1 ‰ на ниво на општина), а најмал во градот Ужице -160 жители (-1,9 ‰ на ниво на општина). Податоците за природниот прираст се од 2004 година.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди