Злате Велјаноски
Злате Михајлов Велјаноски ( 1920 во Туин, Кичевско — 1944 во Пеќ, Косово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Злате Велјаноски | ||
Роден | 1920 година Туин, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 1944 година Пеќ, Косово | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиТој бил земјоделец. Во летото 1943 година, кога во селото се формирал народно-ослобоителниот одбор, а тој станал член на одборот. Активно работел во селото сè до летото 1944 година кога заминал партизан во Косовската бригада која тогаш била во Порече. Учествувал во повеќе борби за ослободувањето на Македонија, а во есента 1944 година загинал во борба со Германците во близината на Пеќ.[1]