Зиплингенбург (германски: Süpplingenburg) — општина во округот Хелмштет, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Зиплингенбург
Црквата „Св. Јован“ во Зиплингенбург
Црквата „Св. Јован“ во Зиплингенбург
Црквата „Св. Јован“ во Зиплингенбург
Грб на Зиплингенбург
Зиплингенбург во рамките на Германија
Зиплингенбург
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Хелмштет
Општ. заед. Норд-Елм
Градоначалник Дитер Екнер
Основни податоци
Површина 14,30 км2
Надм. височина 114 м
Население 648 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 45 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HE
Пошт. бр. 38376
Повик. бр. 05355
Портал www.samtgemeinde-nord-elm.de
Местоположба на Зиплингенбург во рамките на округот Хелмштет
Карта
Карта
Координати 52°15′0″N 10°55′0″E / 52.25000° СГШ; 10.91667° ИГД / 52.25000; 10.91667

Историја

уреди
 
Зиплингбург Коментурај изгравирано од Матојс Меријан, околу 1650 г.

Селото се развило во X век околу водниот замок на реката Шунтер, веројатно изграден од грофовите на Халденслебен. До 1173 година замокот бил седиште на грофовите од Зиплинбург, меѓу кои и на царот Лотар III.

Лотар изградил манастир со црква во рамките на замокот Зиплинбург околу 1130 година. Во 1173 година, неговиот внук Хајнрих Лавот го доделил Зиплингенбург на Темпларите, од каде припаднал на Болничарите во 1357 година. Останал команден центар на Редот на Свети Јован до 1820 година кога конечно бил медијатизиран на Војводството Брауншвајг. Замокот бил срушен околу 1875 година, додека црквата „Св. Јован“ преживеала и денес претставува дел од Романескниот пат.

Сообраќај

уреди

До Зиплингенбург може да се стигне преку сојузниот автопат 1 или 2. Возовите на линијата Брауншвајг-Магдебург се достапни во окружниот град Хелмштет.

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди