Далтонизам

неможност за распознавање на бои

Далтонизам или бојно слепило — неможност за разликување на некои или на сите бои. Обично се смета за слепило на бои. Далтонизмот го добил името по англискиот физичар и хемичар Џон Далтон (1766-1844) кој прв ја проучувал оваа болест бидејќи самиот страдал од неа. Човечката мрежница содржи три типа клетки што впиваат светлина во различни делови од спектарот. Отсуството на овие типови предизвикува далтонизам за црвена, зелена и сина боја. Далтонизам е рецесивна одлика поврзана со полот, која е 20 пати повообичаена кај мажите отколку кај жените.

Далтонизам
Синонимибојно слепило, попречен боен вид[1]
Слика за утврдување на далтонизам со бројот 74. На делумните далтонисти им се гледа бројот 21, а потполните далтонисти не гледаат никаков број.
СпецијалностОфталмологија
Симптоминеможност за разликување на бои[2]
Времетраењедолгорочна[2]
Причинителигенетска (наследна, обично по X-хромозомот)[2]
Дијагностички методИшихарино испитување[2]
Лекувањеприлагодени наставни методи, мобилни прилози[1][2]
Честотацрвена-зелена: 8 % мажи, 0,5 % жени (кај северноевропејци)[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Gordon, N (March 1998). „Colour blindness“. Public Health. 112 (2): 81–4. doi:10.1038/sj.ph.1900446. PMID 9581449.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 „Facts About Color Blindness“. NEI. February 2015. Архивирано од изворникот на 28 July 2016. Посетено на 29 July 2016.