Зелената револуција на Велес
„Зелената револуција на Велес“ e еколошки мировен масовен протест кој се одржал на 9 ноември 2011 во Велес Македонија. ,,Народното еколошко востание“, како во тоа време го нарекувале во Велес, го организирала „Зелената коалиција“[1] во која влегле седум граѓански здруженија, и имале поддршка и од Општина Велес.
Историја
уредиВо градот Велес, во седумдесеттите години на 20 век, поединци од високата власт изградиле тешка црна индустрија во градот – Топилница за олово и цинк „Злетово“ која на граѓаните преку ноќ им го загадила чистиот воздух, вода и почва и со тоа им го нарушила и здравјето. Ако на едни им носела голема профит и била „златна кокошка“ како што ја нарекувале, на граѓаните на Велес кои претходно никој не ги прашал, таа, за жал, им го донела најлошото, само болести па и оние најтешките – канцери и ги одвела во прерана смрт. Велешани од 2008 година организирале неколку мирни еколошки протести во кои го изразувале својот став дека не ја сакаат Топилница во нивниот град.
Опис
уредиВелешани на 9 ноември 2011, Денот на ослободување на градот, масовно се собрале во центарот на мировен еколошки протест за Велес да каже решително ,,не“ за повторната работа на Топилницата за олово и цинк. Со химната на градот „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ испеана од грлата на сите присутни, силно одекнала пораката "Не топилница во Велес". Граѓаните на Велес, мажи жени, ученици, мајки со мали деца без разлика на религија и вера излегле на улиците на масовен еколошки протест, на „Зелената револуција“[2] и кажале гласно НЕ за повторно рестартирање на Топилницата за олово и цинк, која претходно била затворена во 2003 година и не дозволиле потворно да се рестартува.. Во ноември 2011 тие заедно го направиле најголемиот, антологиски протест во историјата на земјата, на кој излегле неверојатни 20 000 луѓе.
Протесниот митинг на велешани против Топилницата, започнал од плоштадот Сар Маале и продолжил скоро два часа по главните градски улици се’ до вратите на Топилницата. На поворката народ на протестот им се приклучиле и повеќето политички партии како и владиката Повардарски Агатангел.
Горан Петров[3] кој бил тогашен градоначалник на Велес изјавил: „Вечерва сме на час по историја, тука ја пишуваме сопствената. Во името на идните генерации одлучно велиме ,,не,, за Топилницата во Велес. На граѓаните на Велес им треба здрава и чиста животна средина“! Ако тие, Метрудхем[4], имаат аргумент од 150 милиони долари, ние имаме аргументи од овие илјадници граѓани. Појасна и почиста порака не можат да добијат. Ако ова не сакаат да го видат и слушнат, тогаш тие имаат проблем со самите себе!
Александар Кукулев Сашко[5] од "Зелената коалиција" рекол: „Велес 40 години беше завиен во црно, ги полневме гробиштата од двете страни на градот, па моравме да изградиме нови. Затоа ли ни треба топилницата. Не, фала, овде во Велес не и местото. Ова е првата еколошка револуција на Балканот, во која сигурно ќе победиме. Велес е премал за нас двајцата, еден ќе си оди. Знам дека ние граѓаните остануваме тука! Тоа што сме тука сите заедно, е доказ дека ова не е политика. Ова е крикот на велешани за евентуалниот рестарт на топилницата, и стравот дека може да има загадување и болести за нас и за нашите поколенија.
На еко протестот биле присутни и градоначалниците од Ужице и Сомбор од Србија и градоначалникот на Свиштов од Романија, кои во тоа време биле присутни како гости во градот Велес. Присутните луѓе и на овој протест симболично пуштиле во небото стотици црни, жолти и зелени балони посакувајќи само живот во здрава и чиста еколошка средина.
Дел од пораките кои биле упатени на адреса на Топилницата од голем број велешани кој на мировниот протест кажале ,,не,“ за рестартот на Топилницата која ги труела и им го загрозувала здравјето, а многу нивни најмили од семејството, пријателите и сограѓаните однела во прерана смрт се: „Оди си“,,,Не те сакаме“, ,,Убијци“, „Здравјето на велешани е најскапо и ги нема тие пари што можат да го заменат“!
Мирниот протест на велешани завршил со палење на свеќи пред Топилницата и ставање каранфили на вратата на капијата. Од протестот биле испратени три барања до тогашната Влада на Република Македонија:
- Да не се дозволи отворање на топилницата во Велес
- Да се исчисти почвата на која е лоцирана топилницата, заедно со неа и да се намени за мали и средни претпријатија
- Да се исчисти депонијата со згура и да се деконтаминира почвата во градот, во училиштата, градинките и парковите.
За среќа на велешани и покрај сите напори „Метрудхем“ не успеле да ја рестартираат Топилницата, а велешани конечно можеле да здивнат и вдишат почист воздух.
Но и понатаму останала депонијата на згура над Топилницата тешка 1,8 милион тони тешки метали, настаната како последица од три децениското работење на загадувачот. Поради „Ружата на ветровите“ оловната и прашината со други тешки метали и понатаму се раснесува по домовите на велешани. Останал и проблемот со загадените почва полна со олово, кадмиум, цинк и други тешки метали во и околината на Велес од каде граѓаните јадат зеленчук и овошје. Почвата требело да се исчисти, деконтаминира, а исто така и земјата од површинскиот слој од јавните површини во градот посебно во градинките, училиштата и другите јавни зелени површини на Велес.
Галерија
уреди-
Некогашната фабрика Топилницата за олово и цинк „МКХ Злетово“
-
Протест на велешани за загадувањетоод Топилницата за олово и цинк во Велес
-
Мaпа на загаденост на почвата од тешки метали во Општина Велес
-
Деца со кукли во рацете во знак на почит кон сите мртвородени деца во Велес на протестот
-
Деца оставаат рози на капијата на топилницата во Велес
-
Невладините организации иницијатори на протесниот марш
-
Мировен протест на граѓаните пред Општина Велес
-
Стоп за загадувањето во Велес
-
Велешани на улица Стоп за загадувањето од Топилницата
-
Лого на Еколошко Друштво Вила Зора
-
Постер „На протест против геноцидната идеа 2011“
-
Хепенинг под мотото „Не сакаме ѓердан оловен околу гради нанижан“ Велес
-
Стоп за чедоморството во Велес
-
Сакаме чист воздух да дишеме - младите велешани на протест
-
Велешани на протест пред Топилницата за олово и цинк
-
Граѓани во камион во подршка на протесниот марш во Велес
Наводи
уреди- ↑ https://arhiva.veles.gov.mk/veles3/index.php/arhiva-nastani1/37-home/topilnica/1871-2011-11-14-07-33-32
- ↑ https://greencivil.mk/2020/10/zeleno-dosie-na-veles-vtor-del/
- ↑ https://www.google.com/search?q=%D0%93%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BD+%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%B2+%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D1%87%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BA+%D0%BD%D0%B0+%D0%92%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%81&rlz=1C1GCEA_enMK923MK923&oq=%D0%93%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BD+%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%B2+%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D1%87%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BA+%D0%BD%D0%B0+%D0%92%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%81&aqs=chrome..69i57j33i160l2.16353j0j15&sourceid=chrome&ie=UTF-8
- ↑ https://companywall.com.mk/kompanija/metrudhem-dooel-skopje/MM32YdsR
- ↑ https://arhiva.veles.gov.mk/veles3/index.php/arhiva-nastani1/37-home/topilnica/587-2012-02-13-13-38-14