Зафир Куновски (роден на 4 март 1934 година во Дебар - починал на 14 април 2004 година во Скопје) — македонски архитект, ракометар и тренер.[1]

Зафир Куновски
Роден 4 март 1934
Дебар, Вардарска Бановина, Кралство Југославија
Починал 14 април 2004(2004-04-14) (возр. 70)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Занимање ракометар

Животопис

уреди

Зафир Куновски завршил Архитектонски факултет во Скопје (1964). Бил член на РК Работнички од Скопје (1953 – 1958), кој во овој период бил трипати првак на Македонија во големиот, петпати во малиот ракомет и двапати освојувач на Купот на Македонија. Клубот играл во Првата сојузна лига (1954, 1955 и 1958). Бил најдобар стрелец во екипата. Настапувал и за други клубови во Македонија (до 1960). За Репрезентацијата на Југославија одиграл три натпревари (1957).

Бил тренер и играч во Графичар, вториот скопски тим што настапувал во сојузен ранг. Една година настапувал и за екипата на Црвена Ѕвезда од Белград. Куновски бил првиот македонски ракометар што повеќепати играл за репрезентацијата на Југославија. По завршувањето на играчката кариера бил тренер во повеќе екипи, а најголемиот успех го постигнал со женската екипа на Скопје, пласирајќи се во Југословенската ракометна женска лига. Последната функција во ракометниот спорт Куновски ја имале како селектор на Женската ракометна репрезентација на Македонија, во квалификациите за СП 2003. Бил и член на Стручниот совет во Ракометната федерација на Македонија[2] .

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Куновски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 777–778. Text "series " ignored (help)
  2. „Почина Зафир Куновски“. Дневник. https://time.mk/. 16.04.2004. Посетено на 2020-08-16. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help); Надворешна врска во |publisher= (help)