Анамнеза или медицинска историја претставува информација добиена од пациент во разговор со докторот. При ова интервју докторот поставува специфични прашања со цел да дознае нешто за моменталните тегоби и дел од медицинското минато на пациентот. Одговорите, освен самиот пациент може да ги дава некој близок на пациентот или случаен минувач доколку се работи за несреќа, и тогаш се нарекува хетероанамнеза. Изнесените проблеми од страна на пациентот се низа на симптоми, за разлика од знаците кои докторот ги забележува при подоцнежниот физикален преглед.

Испитувачот ја внесува анамнезата на собраните податоци во пишана форма на медицинската историја

Во ова „интервју“ пациентот секогаш е во подредена улога и одговара на директно поставените прашања од испитувачот. Затоа да се избегне субјективноста на испитувачот, прашањата мора да бидат, кратки, концизни, јасни и да не го наведуваат пациентот на одговор.
Вака добиените информации, заедно со физикалниот преглед се многу битни во поставувањето на крајната дијагноза, што во голема мера ја потенцира умешноста на докторот за нивното прибирање и систематски да ги среди и протолкува информациите добиени од пациентот.

Процес

уреди

Анамнезата се состои од неколку делови, и тоа

Земање на информации по пат на испрашување

уреди

1. Општи податоци: Име и презиме, години, пол, место на живеење, дата на преглед или прием на одделение, реден број
2. Главни тегоби: Тоа се главните причини зошто пациентот се јавил на лекар (главоболка, повраќање, кашлица, болки во стомакот итн.)
3. Сегашна болест: детали за проблемите кои го засегаат пациентот. На пример: кога се јавила главоболката, каков карактер е, колку трае, дали нејзината појава е поврзана со нешто итн.
4. Минати заболувања: детали за болестите и интервенциите во минатото. На пример: дали некогаш бил болен од нешто, од што, дали лежел во болница, колку пати.
5. Семејстворни заболувања: податоци за болестите кои се јавувале во семејството на пример: кој боледувал, од што, каде се лечел, дали уште боледува.
6. Фармаколошки податоци: кои лекови ги зема, кои ги земал, дали имал несакани реакции од некои.
7. Алерголошки податоци: дали пациентот е алергичен на храна, лекови, трева, прашина или на нешто друго.
8. Социо-епидемиолошки податоци: што работи, каде, со што работи; каде живее, во што, колку луѓе живеат заедно; дали патувал, кога, каде, дали бил со некој кој имал слични симптоми (посебно за некои егзотични тропски болсти). 8.1. Лични податоци: години, пол, место на живеење, брачен статус, дали има деца, навики (пушење, пиење кафе,алкохол, спортување, хоби), работно место...

  • Претходно рековме овие прашања треба да се кратки, јасни разбирливи и да не го насочуваат пациентот кон одговор.

Општ статус

уреди

Од општиот статус добиваме информација за општата состојба на пациентот со негово набљудување и инспекција. Во општиот статус се наведуваат следниве одлики

  • фебрилност, свесност, контактибилност, ориентираност (во време, простор и личност), остеомускулна градба, пребоеност, тургор на кожа и видливи лигавици, лимфни јазли, каква положба зазема пациентот во кревет, каков впечаток оддава (лесен, средно, тежок болен).

Преглед по системи(статус по системи)

уреди

Каква и да е презентацијата на болеста, било кој систем од човечкото тело да е зафатен, потребно е да ги испитаме сите системи по ред за да не се пропушти нешто битно за кое пациентот не ни дал информација, или не знаел дека треба да го нотира. Значи, за добивање на овие информаици,докторот користи, специфични команди, тестови, инспекција, палпација, перкусија, аускултација, односно го извршува физикалниот преглед.

  • Глава: форма, големина.

Очи: боја на белката, подвижност,
Зеници: форма, големина, реакција на светлина(акомодација, ковергенција,
Уши, нос, уста: форма, големина, дефекти, слушање, мирис, вкус, подвижност на јазикот, пореметување во положбата итн.

Поврзано

уреди