Жужа Брурија Форгач
Жужа Брурија Форгач (унгарски: Forgács Zsuzsa), е современа унгарска писателка.
Животопис
уредиЖужа Брурија Форгач студирала историја и филозофија на универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта. Од 1973 до 1980 година, во нејзиниот стан функционирал нејзиниот алтернативен театар. Од 1980 до 1993 година живеела во Њујорк, САД, каде што студирала социологија, а истовремено, работела различни работи: судски преведувач, келнерка, реставратор, негувателка на старци, касиерка во банка, професор по историја итн.
Во 1993 година се вратила во Унгарија каде што продолжила да работи како преведувач, публицист, документарист и писател на сценарија.[1]
Творештво
уредиПоважни дела на Жужа Брурија Форгач се:[1]
- Пронајдена жена (кратка проза), 1995 година
- Ноќна зоолошка градина (Антологија на женската сексуалност - уредник и учесник), 1995 година
- Жедна оаза (Антологија на женското тело - уредник и учесник), 1997 година
Нејзините дела се преведени на холандски, фински, германски, бугарски, руски и словачки јазик. Два нејзини расказа се објавени на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ "Сецирање на живо", во издание на издавачката куќа "Темплум".