Жените во Албанија

Жените во Албанија — жени кои живеат или се по потекло од Албанија. Првото женско здружение во Албанија било основано во 1909 година [1] Албанките од северниот регион Геги живеат во конзервативно [2] и патријархално општество. Во такво традиционално општество, жените имаат подредени улоги во заедниците кои веруваат во „машка доминација“. Ова продолжило и покрај доаѓањето на демократијата и усвојувањето на слободната пазарна економија во Албанија, по падот на Комунистичката партија.[3] Гегиската албанска култура се заснова на 500-годишниот канун на Лек Дукаѓин, традиционален кодекс на однесување, каде главната улога на жената е да се грижи за децата и за домот.[2]

Историја

уреди

Права за носење оружје

уреди

Според една колумна во Книжевниот свет во 1878 година, на Албанките им било дозволено да носат оружје.[4]

Традиционален социјален статус

уреди

Едит Дурам забележала во 1928 година дека Албанските селски жени биле поконзервативни во одржувањето на традициите, како што е повикувањето на одмазда, слично на жените во Стара Грција.[5]

 
Постара жена во традиционална облека од Северна Албанија

Пред Втората светска војна, вообичаено било некои жени Геги да станат „живи наложници“ на мажи кои живеат во планинските области.[3] Важноста што им ја давале мажите на венчавката со девици довело до тоа да жените платат за да им се врати невиноста. И покрај ризикот од инфекции и воспаленија, сексуално активните жени добиваат прикриена „едноставна 20-минутна гинеколошка“ операција „за повторно да станат девици“ во гегиските населени места.[6] Истите клиники известуваат дека некои нови невести се донесени од нивните сопрузи за да се потврди нивната невиност бидејќи не искрвариле во брачните ноќи.[6]

Од жените се очекува да им бидат верни на своите сопрузи, но мажените Албанки се сметаат за сопственост на нивните сопружници. Имањето ќерки е помалку омилено во патријархалното општество на гегите Албанци.[3] Поради тоа што се дава поголемо значење на желбата да се имаат синови отколку да се раѓаат ќерки, вообичаено е бремените Албанки да се поздравуваат со фразата „të lindtë një djalë“, што значи „Нека е син“.

Заколнати девици

уреди
 
Заколната девица во Рапша, Хоти, Отоманска Албанија на почетокот на 20 век

Во минатото, во семејните единици кои немале патријарси, немажените Албанки може да ја преземат улогата на машки поглавар на семејството со „давање заклетва за невиност“, улога која вклучува право да се живее како маж, однодно да носат оружје, да поседуваат имот, да можат слободно да се движат, да се облекуваат како мажи, да се здобијат со машки имиња доколку сакаат да го сторат тоа, да бараат автономија, да избегнуваат договорени бракови и да бидат во машко друштво.[2]

Подготовка на оброк

уреди

Познато е дека жените во централна Албанија, особено жените во Елбасан и блиските региони, готват балакуме со сладок вкус за време на Летниот фестивал, годишен пролетен фестивал кој се слави на 14 март. Од друга страна, муслиманките Албанки, особено жените од исламската бекташиска секта готват пудинг познат како ашура од состојки како пченица, шеќер, сушено овошје, мелени ореви и цимет, по 10 ден од матем, период од постот.[3]

Права

уреди
 
Урани Румбо (1895-1936) била албанска феминистка, учителка и драматург, која го промовирала женското образование

Во 19 век, Сами Фрашери за првпат ја изразил идејата за образование за жените со аргументот дека тоа би го зајакнало општеството каде образованите жени ќе ги учат своите деца. Во доцниот 19 век, некои жени од урбаната елита кои биле образовани во Западна Европа се изјасниле за потреба од поголемо образование за жените во Албанија. Во 1891 година, првата женска гимназија била основана во Корча од Севасти Киријази и Парашќеви Киријази, а во 1909 година тие ја основале првата женска организација во Албанија, Утринска ѕвезда (Yll'i Mengesit ) со цел да ги подигнат правата на жените и нивното ниво на образование.

Женското движење во Албанија било прекинато со Првата светска војна, но продолжило кога Албанија станала независна нација по војната. Сестрите Ќиријази ја основале организацијата Перлинда во Корча, која го издавала весникот Мблета. Во 1920 година, Мари Чоба ја основала локалната женска организација Груја Шќиптаре во Скадар, која била следена од неколку други локални организации со истото име во Корча, Валона и Тирана [7] Во 1920 година, Урани Румбо и други ја основале Сојуз на жените во Ѓирокастро, една од најважните феминистички организации кои ја промовирале еманципацијата на албанската жена и правото на студирање. Тие објавиле декларација во весникот Дрита, протестирајќи против дискриминацијата на жените и социјалните услови. Во 1923 година, Румбо била дел и од кампањата за да им се дозволи на девојчињата да присуствуваат на „момскиот“ ликеј во Ѓирокастро.[8] Албанското женско движење било поддржано од образовани урбани елитни жени кои биле инспирирани од државниот феминизам на Турција под Кемал Ататурк.[7]

За време на владеењето на Зогу I (р. 1928-1939), правата на жените биле заштитени од државата под националната државна организација Груаја Шиќиптаре, која промовирала прогресивна политика и им обезбедила на жените право на образование и професионален живот и забрана против изолација на жените во харемите и зад превезите; еднакви права на наследство, развод и забрана за договорени и присилни бракови, како и полигамија.[9] Меѓутоа, во пракса оваа прогресивна политика се однесувала само на космополитската градска елита и имала мал ефект во животот на мнозинството жени во Албанија.[9]

Ограниченото право на глас на жените било доделено во 1920 година, а жените добиле целосно право на глас во 1945 година.[10] За време на комунистичката влада на Албанија, била промовирана официјална идеологија за родова еднаквост.[11] На првите демократски избори по падот на комунизмот, бројот на пратенички во парламентот од 75 во последниот парламент на комунистичка Албанија паднал на 9.[12] Во турбулентниот период по 1991 година, положбата на жената се влошила.[13] Постои религиозна преродба кај Албанците што во случајот со муслиманите понекогаш значи дека жените се враќаат на традиционалната улога на мајка и домаќинка.[14] Во 2013 година жените претставувале 22,9% од парламентот.

Брак, плодност и семеен живот

уреди

Вкупната стапка на фертилитет е 1,5 деца родени по жена (проценка 2015 година),[15] што е под стапката на замена од 2,1. Стапката на преваленца на контрацепција е доста висока: 69,3% (2008/09).[15] Повеќето Албанки го основаат своето семејство во раните и средината на дваесеттите години: од 2011 година, просечната возраст при првиот брак била 23,6 години за жените и 29,3 за мажите.[16]

Во некои рурални области на Албанија сè уште се склучуваат бракови, а општеството е силно патријархално и традиционално, под влијание на традиционалниот сет на вредности на канунот на Лек.[17] Урбанизацијата на Албанија е ниска во споредба со другите европски земји: 57,4% од вкупното население (2015 година).[15] Иако присилниот брак е генерално неодобруван од општеството, тој е „добро познат феномен во земјата, особено во руралните и оддалечените области“, а девојчињата и жените во овие области се „многу често принудени на брак поради [патријархалниот менталитет“ и сиромаштија“.[18]

Абортусот во Албанија бил целосно легализиран на 7 декември 1995 година.[19] Абортусот може да се изврши на барање до 12-та недела од бременоста.[20] Жените мора да бидат подложени на советување една недела пред процедурата, а болниците кои вршат абортуси не смеат да објавуваат информации во јавноста за тоа кои жени ги лекувале.[20]

За време на владата на Енвер Хоџа, комунистичка Албанија имала наталистичка политика,[20] што ги водело жените да прават нелегални абортуси или сами да ги поттикнуваат. На крајот, земјата имала втора највисока стапка на мајчинска смртност во цела Европа, и се проценува дека 50% од сите бремености завршиле со абортус.[20]

Вработување

уреди

За време на комунистичката ера жените во голем број влегле во платена работа. Периодот на транзиција во Албанија е обележан со брзи економски промени и нестабилност. Пазарот на трудот се соочува со многу проблеми кои се заеднички за повеќето економии во транзиција, како што се губење на работни места во многу сектори, кои не биле доволно компензирани со новите сектори. Заклучно со 2011 година, стапката на вработеност изнесувала 51,8% кај младите жени, наспроти 65,6% кај младите мажи.[21]

Образование

уреди
 
Млади Албанки студентки во Тирана, Албанија

Во 1946 година, околу 85% од луѓето биле неписмени, главно затоа што училиштата на албански јазик практично не постоеле во земјата пред да стане независна во 1912 година. До средината на деветнаесеттиот век, отоманските владетели ја забранувале употребата на албанскиот јазик во училиштата.[22] Комунистичкиот режим му давал висок приоритет на образованието, кое вклучувало и промовирање на социјалистичката идеологија во училиштата.[23] Од 2015 година, стапката на писменост на жените била само малку под онаа на мажите: 96,9% жени во споредба со 98,4% мажи.[15]

Насилство врз жените

уреди

Во последниве години, Албанија презела чекори за решавање на прашањето за насилството врз жените. Ова вклучувало донесување на Законот бр. 9669/2006 (Закон за мерки против насилство во семејните односи) [24] и ратификување на Истанбулската конвенција.[25]

  • Елина Дуни (родена 1981), швајцарско-албанска џез пејачка и композиторка
  • Ермонела Јахо (родена 1974 г.), оперски сопран
  • Бесиана Кадаре, албанска амбасадорка во ОН, потпретседател на Генералното собрание на ОН и амбасадор во Куба
  • Хелена Кадаре (родена 1943 година), автор, сценарист и преведувач
  • Инва Мула (родена 1963 година), оперски лирски сопран
  • Елиса Спиропали (родена 1983), албански државен министер за односи со парламентот
  • Лилијана Пере (родена 1962 година), инж. Издавач. Автор. Експерт IIT

Наводи

уреди
  1. Francisca de Haan; Krasimira Daskalova; Anna Loutfi (2006). Biographical Dictionary of Women's Movements and Feminisms in Central, Eastern, and South Eastern Europe: 19th and 20th Centuries. Central European University Press. стр. 454. ISBN 978-963-7326-39-4. ...founders (1909) of the first Albanian women's association, Yll'i mengjezit (Morning Star)
  2. 2,0 2,1 2,2 Bilefsky, Dan. „Albanian Custom Fades: Woman as Family Man“. The New York Times. Архивирано од изворникот на 1 February 2013. Посетено на 27 October 2013.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Elsie, Robert. „Albania“. Advameg, Inc. Архивирано од изворникот на 20 October 2013. Посетено на 27 October 2013.
  4. The Literary World: Choice Readings from the Best New Books, with Critical Revisions (англиски). James Clarke & Company. 1878. Посетено на 25 December 2019.
  5. McHardy, Fiona; Marshall, Eireann (2004). Women's Influence on Classical Civilization (англиски). Psychology Press. ISBN 978-0-415-30958-5. Посетено на 25 December 2019.
  6. 6,0 6,1 Rukaj, Marjola. „Virginity pressures in Albania bring women to the operating table“. Women News Network (WNN). Архивирано од изворникот на 29 October 2013. Посетено на 27 October 2013.
  7. 7,0 7,1 Musaj, Fatmira; Nicholson, Beryl (1 January 2011). „Women Activists In Albania Following Independence And World War I“. Women's Movements and Female Activists, 1918-1923. Посетено на 13 December 2021.
  8. de Haan, Franciska; Krasimira Daskalova; Anna Loutfi (2006). Biographical dictionary of women's movements and feminisms in Central, Eastern, and South Eastern Europe: 19th and 20th centuries. G - Reference,Information and Interdisciplinary Subjects Series. Central European University Press. стр. 475–77. ISBN 963-7326-39-1.
  9. 9,0 9,1 Biographical dictionary of women's movements and feminisms in Central, Eastern, and South Eastern Europe: 19th and 20th centuries.
  10. „Архивиран примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-10-02. Посетено на 2016-09-30.
  11. Human Rights in Post-communist Albania. Human Rights Watch. 1996. стр. 164. ISBN 978-1-56432-160-2.
  12. Suad Joseph; Afsāna Naǧmābādī (2003). Encyclopedia of Women and Islamic Cultures: Family, Law and Politics. BRILL. стр. 553. ISBN 978-90-04-12818-7. Архивирано од изворникот на 2016-05-21. In Albania, there were 73 women out of the 250 deputies in the last communist parliament while in the first post-communist parliament the number of women fell to 9
  13. Marilyn Rueschemeyer (1 January 1998). Women in the Politics of Postcommunist Eastern Europe. M.E. Sharpe. стр. 280. ISBN 978-0-7656-2161-0. Архивирано од изворникот на 9 May 2016.
  14. Miranda Vickers; James Pettifer (1997). Albania: From Anarchy to a Balkan Identity. C. Hurst & Co. Publishers. стр. 138. ISBN 978-1-85065-290-8. Архивирано од изворникот на 2016-05-15. The religious revival among Muslim Albanians also affected women, as conservative family values gained ground and some women were forced back into the conventional roles of homemaker and mother.
  15. 15,0 15,1 15,2 15,3 „The World Factbook“. cia.gov. Посетено на 17 June 2016.
  16. „Select variable and values - UNECE Statistical Database“. W3.unece.org. 2016-02-09. Посетено на 2016-06-17.
  17. „Архивиран примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на November 18, 2015. Посетено на November 17, 2015.
  18. „IRB: Albania: Forced marriages of women, including those who are already married; state protection and resources provided to women who try to avoid a marriage imposed on them (2010-June 2015) [ALB105216.E] | ecoi.net - European Country of Origin Information Network“. ecoi.net. Архивирано од изворникот на 2016-03-30. Посетено на 2016-06-17.
  19. Aborti – vrasje e fëmijës së palindur (in Albanian) Архивирано на 29 октомври 2013 г. Nr. 8045, data 07. 12. 1995, që është mbështetje e nenit të ligjit nr. 7491, të vitit 1991 "Për dispozitat kryesore kushtetuese" me propozimin e Këshillit të Ministrive, miratuar në Kuvendin Popullor të Shqipërisë.
  20. 20,0 20,1 20,2 20,3 „Albania – ABORTION POLICY – United Nations“. un.org. Архивирано од изворникот на 8 November 2017. Посетено на 1 April 2018.
  21. „Youth Employment and Migration : Country Brief : Albania“ (PDF). Ilo.org. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 2016-06-17.
  22. „Albanian "Letërsia e gjuhës së ndaluar" [The Literature of the Prohibited Language] (PDF) (албански). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-06-05. Посетено на 2010-01-06.
  23. S.T. Dhamko.
  24. „LAW No. 9669 of 18.12.2006 : "ON MEASURES AGAINST VIOLENCE IN FAMILY RELATIONS". Osce.org. Архивирано од изворникот на 2017-05-26. Посетено на 2016-06-17.
  25. Bureau des Traités. „Liste complète“. Coe.int. Архивирано од изворникот на 2016-02-03. Посетено на 2016-06-17.

Надворешни врски

уреди