Железо(III) сулфат

хемиско соединение

Железо(III) сулфат (или „железен сулфат“), е група на неоргански соединенија со формула Fe2(SO 4)3(H2O)n. Познати се различни хидрати, вклучувајќи ја и најчесто сретнуваната форма на „железен сулфат“. Растворите се користат при боење како мордант и како коагулант за индустриски отпад. Растворите на железен сулфат се користат и при преработка на алуминиум и челик.[2][3]

Железо(III) сулфат
Iron(III) sulfate
Назнаки
10028-22-5 Ок
ChEBI CHEBI:53438 Ок
ChemSpider 23211 Ок
3Д-модел (Jmol) Слика
PubChem 24826
RTECS-бр. NO8505000
UNII 4YKQ1X5E5Y Н
Својства
Хемиска формула
Моларна маса 0 g mol−1
Изглед сиво-бели кристали
Густина 3.097 g/cm3 (anhydrous)
1.898 g/cm3 (pentahydrate)
Точка на топење
256g/L (монохидрат, 293K)
Растворливост слабо растворлив воетанол
занемарлива растворливост во aцетон, етил ацетат
нерастворлив во сулфурна киселина, амонијак
Показател на прекршување (nD) 1.814 (anhydrous)
1.552 (nonahydrate)
Опасност
NFPA 704
1
0
0
Смртоносна доза или концентрација:
500 mg/kg (oral, rat)
NIOSH (здравствени граници во САД):
REL (препорачана)
TWA 1 mg/m3[1]
Слични супстанци
Други анјони Железо(III) хлорид
Железо(III) нитрат
Дополнителни податоци
 Ок(што е ова?)  (провери)
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa)
Наводи

Видообразба

уреди

Различните кристални форми на Fe2(SO4)3(H2O)n се добро дефинирани, често со кристалографија со Х-зраци . Природата на водените раствори е често помалку сигурна, но често се прерпоставуваат акуо-хидроксо комплекси како што е [Fe(H2O)6]3+ и [Fe(H2O)5(OH)]2+.[4] Без разлика, сите такви цврсти материи и раствори имаат железни јони, секој со пет неспарени електрони. Врз основа на оваа d5 електронска конфигурација, овие јони се парамагнетни и се слаби хромофори.

Производство

уреди

Растворите на железо сулфат обично се создаваат од отпадоци од железо. Вистинскиот идентитет на видот на железо е често нејасен, но многу апликации не бараат материјали со висока чистота. Се произведува во големи размери со третирање на сулфурна киселина, топол раствор на железо(II) сулфат и оксидирачки агенс. Типични оксидирачки агенси вклучуваат хлор, азотна киселина и водороден пероксид.[5]

2 FeSO4 + H2SO4 + H2O2 → Fe2(SO4)3 + 2 H2O

Природни појави

уреди

Железо сулфатите се јавуваат како различни ретки (комерцијално неважни) минерали. Mikasaite, мешан железо-алуминиум сулфат со хемиска формула (Fe3+, Al3+)2(SO4)3[6] е името на минералошката форма на железо(III) сулфат. Хидратите се почести, со кокимбит (ненахидрат) како веројатно најчестиот меѓу нив. Паракокимбит е другиот природен нонахидрат кој ретко се среќава. Корнелит (хептахидрат) и квенстедтит (декахидрат) ретко се наоѓаат. Лаузенит (хекса- или пентахидрат) е сомнителен вид. Сите споменати природни хидрати се нестабилни поврзани со атмосферските влијанија (аеробна оксидација) на примарните минерали кои содржат Fe (главно пирит и марказит)

 
Coquimbite crystal structure

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Џебен водич за опасните хемиски материи #0346“. Национален институт за безбедност и здравје при работа (NIOSH). (англиски)
  2. Ferric sulfate. The Columbia Encyclopedia, Sixth Edition. Retrieved November, 2007.
  3. Wildermuth, Egon; Stark, Hans; Friedrich, Gabriele; Ebenhöch, Franz Ludwig; Kühborth, Brigitte; Silver, Jack; Rituper, Rafael (2000), „Iron Compounds“, Ullmann's Encyclopedia of Industrial Chemistry, Weinheim: Wiley-VCH, doi:10.1002/14356007.a14_591
  4. Grant, M.; Jordan, R. B. (1981). „Kinetics of Solvent Water Exchange on Iron(III)“. Inorganic Chemistry. 20: 55–60. doi:10.1021/ic50215a014.
  5. Iron compounds. Encyclopædia Britannica Article. Retrieved November, 2007
  6. Mikasaite

Надворешни врски

уреди