Жак Фрајтаг

јужноафрикански атлетичар

Жак Фрајтаг (африканс: Jacques Freitag; 11 јуни 1982 - 1 јули 2024) — јужноафрикански атлетичар кој се натпреварува во дисциплината скок во височина. Негов најдобар скок во кариерата бил скокот од 2.38 метри кој го постигнал во 2005 година. Скокот е воедно и актуелен африкански рекорд.

Жак Фрајтаг
Лични податоци
Изворно имеJacques Freitag
Роден(а)11 јуни 1982(1982-06-11)
Варентон, ЈАР
Починал(а)1 јули 2024(2024-07-01) (возр. 42)
Преторија, ЈАР
Висина2,04 м
Тежина83 кг
Спорт
ЗемјаЈужна Африка ЈАР
Спортатлетика
Дисциплинискок во височина
Успеси и титули
Лични рекордиСкок во височина: 2.38 (2005)

Тој е еден од деветте атлетичари (заедно со Валери Адамс, Јусејн Болт, Вероника Кембел-Браун, Давид Шторл, Елена Исинбаева, Кирани Џејмс, Јана Питман, и Дани Самуелс) кој бил светски првак на кадетско, јуниорско и сениорско ниво во одредена дисциплина.

Фрајтаг израснал во Бронхорстспрејт (50 км источно од Преторија). Неговата мајка, Хендрина Питерс, во 1973 година била првак на ЈАР во скок во височина а нејзино најдобро остварување бил постигнатиот скок од 1,74 м.

Надворешни врски

уреди
Достигнувања
Претходник
  Вјачеслав Воронин
Најдобар резултат во сезоната
2002
Наследник
  Александар Валеријанчук
Претходник
  Стефан Холм
Најдобар резултат во сезоната
заедно со   Андреј Соколовски

2005
Наследник
  Андреј Силнов