Давид Шторл
Давид Шторл (роден на 27 јули 1990 г.) е германски атлетичар кој се натпреварува во дисциплината фрлање ѓуле. Тој бил успешен натпреварувач на кадетско и јуниорско ниво, освојувајќи златни медали и во двете категории на светските првенства. Својот прв медал во сениорска конкуренција, и тоа сребрен, Шторл го освоил на Европското првенство во сала 2011.
Давид Шторл во 2015 година | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Националност | Германец | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден(а) | 27 јули 1990 Рохлиц, Германија | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | м | 1,99|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Тежина | 122 kg (269 lb) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Земја | Германија | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | Атлетика | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплини | Фрлање ѓуле | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Клуб | LAC Erdgas Chemnitz | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Тренер | Свен Ланг | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Успеси и титули | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични рекорди | 22,20 м 22,73 м (6 кг) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Освоени медали
|
Тој е сопственик на светскиот јуниорски рекорд од 22,73 метри со ѓуле од 6 кг. Негов најдобар резултат во кариерата со ѓуле за во сениорските конкуренции е 22,20 метри.
Шторл го освоил златниот медал на Светското првенство 2011, а на натпреварувањето на Летните олимписки игри 2012 завршил второпласиран, освојувајќи го сребрениот медал.
Шторл е еден од деветте атлетичари (заедно со Валери Адамс, Јусејн Болт, Вероника Кембел-Браун, Жак Фрајтаг, Елена Исинбаева, Кирани Џејмс, Јана Питман, и Дани Самуелс) кој бил светски шампион на кадетско, јуниорско и сениорско ниво во одредена дисциплина.
Кариера
уредиШторл за првпат почнал да се занимава со атлетика како дете кога неговиот дедо му предложил да се зачлени во локалниот клуб. Тој првично бил специјалист за десетобој, но откако неговиот тренер починал во 2006, тој се фокусирал на дисциплините фрлање ѓуле и фрлање кладиво.[1] На 16 години, тој освоил златен медал на Светското кадетско првенство во 2007 со личен рекорд и германски рекорд до 18 години од 21,40 метри (користејќи полесно ѓуле од 5 кг наменето за кадети).[2]
Следната година користејќи ѓуле тешко 6 кг наменето за јуниори, Шторл победил на Светското јуниорско првенство со резултат од 21,08 метри, со што станал четвртиот најдобар јуниор во историјата.[1] Во 2009 во Манхајм, тој станал првиот јуниор во историјата кој фрлил преку 22 метри, поставувајќи последователни јуниорски светски рекорди од 22,18 метри а потоа и од 22,34 метри.[3] Еден месец подоцна, тој го подобрил својот јуниорски рекорд на 22,73 метри во Остероде[4] а потоа го освоил златниот медал на Европското јуниорско првенство со рекорд на првенствата од 22,40 метри.[5] Со пласманот на третото место на германското државно првенство со префрлените 20,43 метри, тој бил избран за Светското првенство 2009 во Берлин, каде завршил на 15 место во квалификациите.[6]
Во 2010, Шторл за првпат се натпреварувал на сениорско ниво и бил второпласиран на германските државни првенства на отворено и во сала.[6] На Светското првенство во сала 2010 тој го освоил 7 место додека пак неговиот сограѓанин Ралф Бартелс го освоил бронзениот медал. Подоцна во годината тој настапил и на Европското првенство и завршил на 4 место. На државното првенство во сала во 2011, Шторл забележал победа над Бартелс и обезбедил учество на Европско првенство во сала, на кое го освоил својот прв медал, сребрен со префрлените 20,75 метри.[7][8]
Тој ја надминал границата од 21 метар во јуни 2011 во Гетеборг префрлајќи должина од 21,03 метри. Тој завршил на подиумите на Европското екипно првенство и на Европското првенство до 23 години во 2011, поставувајќи нови рекорди на првенствата од 20,81 метри и 20,45 метри.[6][9] Помогнат од фактот што Барелс не настапувал, Шторл за првпат во кариерата победил на државното првенство на отворено.[10] На 2 септември 2011, Шторл станал светски шампион во фрлање ѓуле, освојувајќи го златниот медал на Светското првенство 2011, остварувајќи свој најдобар резултат од 21,78 метри.
Шторл имал одлична сезона во 2012 година освојувајќи три медали на меѓународните натпревари. Најпрво, тој го освоил сребрениот медал на Светското првенство во сала и со префрлените 21,88 метри бил веднаш зад Рајан Витинг. Кон крајот на јуни, Германецот станал европски шампион, победувајќи убедливо во финалето на Европското првенство 2012 со префрлени 21,58 метри. На Летните олимписки игри 2012, Шторл го освоил сребрениот медал, откако неговиот резултат од 21,86 метри бил за 3 сантиметри послаб од резултатот на првопласираниот Томаш Мајевски.
На Светското првенство 2013, Шторл успеал да го одбрани златниот медал освоен пред две години, и по вторпат станал светски шампион победувајќи во финалето со префрлени 21,78 метри. На светската титула, тој во 2014 ја придодал и европската и вторпат последователно станал европски шампион.
Шторл ја надминал границата од 22 метри на 9 јули 2015 во Лозана, каде успеал да префрли 22,20 метри, резултат кој е моментално негов сопствен рекорд во кариерата.[11]
На Светското атлетско првенство 2015 во Пекинг го освоил сребрениот медал со резултат од 21,74 метри.
Лични рекорди
уредиДисциплина | Резултат | Место | Датум | |
---|---|---|---|---|
Фрлање ѓуле | На отворено | 22,20 метри | Лозана, Швајцарија | 9 јули 2015 |
Во сала | 21,88 метри | Истанбул, Турција | 9 март 2012 |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Landells, Steve (2008-07-08). Storl does it again – IAAF World Junior Championships. IAAF. Посетено на 2011-08-10.
- ↑ Arcoleo, Laura (2007-07-11). David Storl grabs first World Youth gold medal in Ostrava. IAAF. Посетено на 2011-08-10.
- ↑ Wenig, Jörg (2009-06-15). Germany’s Storl breaks World junior record in the 6 кг Shot Put with 22,34m Архивирано на 21 септември 2012 г.. IAAF. Посетено на 2011-08-10.
- ↑ Wenig, Jörg (2009-07-15). Storl improves World junior Shot Put record to 22,73m. IAAF. Посетено на 2011-08-10.
- ↑ Minshull, Phil (2009-07-26). Storl the star as more championship records fall – Euro Jnr Champs, Day 3 Архивирано на 27 јули 2009 г.. IAAF. Посетено на 2011-08-10.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 David Storl. Leichatletik. Посетено на 2011-08-10.
- ↑ Wenig, Jorg (2011-02-28). Bayer targeting more Long Jump glory – German indoor champs WRAP Архивирано на 28 август 2012 г.. IAAF. Посетено на 2011-08-10.
- ↑ Ramsak, Bob (2011-03-11). Djimou Ida delights with French Pentathlon record in Paris – European Indoor Champs, Day 1 Архивирано на 17 септември 2011 г.. IAAF. Посетено на 2011-08-10.
- ↑ Minshull, Phil (2011-07-18). Ukraine’s El-Sheryf shows he’s the new gun in town in the Triple Jump – European U-23 Champs report. IAAF. Посетено на 2011-08-10.
- ↑ Wenig, Jorg (2011-07-24). Heidler in class of her own – German Champs, Day 1 Архивирано на 1 август 2012 г.. IAAF. Посетено на 2011-08-10.
- ↑ „Shot Put Results“ (PDF). sportresult.com. 9 July 2015. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-05. Посетено на 2021-08-11.
Надворешни врски
уреди„Давид Шторл“ на Ризницата ? |
- Давид Шторл на IAAF.org
- Давид Шторл на european-athletics.org
Награди и достигнувања | ||
---|---|---|
Претходник Теди Тамго |
Европска атлетска ѕвезда во подем 2011 |
Наследник Павел Маслак |