Ефрем Несторовски
Ефрем Митрев Несторовски ( 1926 во Тресонче, Дебарско — 16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште. Во потрага за подобар живот, се преселил во Скопје. Стапил во Треттата македонска ударна бригада со која учествувал во ослободувањето на Македонија и во ликвидирањето на балистичките банди. По успешно извршената задача со XV македонски корпус, заминал за Срем. Бил учесник во големите борби при пробивот на Сремскиот фронт и заземањето на Товарник и Винковци. На 16 април 1945 година во крвавата борба при заземањето на Врпоље, храбро загинал.[1]