Ерих фон Дригалски

Ерих Дагоберт фон Дригалски (германски: Erich Dagobert von Drygalski, Калининград, 9 февруари 1865 - Минхен, 10 јануари 1949) — германски географ, геофизичар и истражувач.

Ерих Дагоберт фон Дригалски
Ерих Дагоберт фон Дригалски

Животопис

уреди

Дригалски на возраст од 17 години почнал да учи математика и физика во Кенигсберг. Помеѓу 1887 и 1891 година тој бил асистент на геодетскиот институт во Берлин при седиштето на меѓународното мерење во Берлин.

Тој водел две многу значајни експедиции на Гренланд во 1891 и 1893 година, организирани од Берлинското географско друштво. Во 1898 година работел како асистент професор по географија и геофизика. Истата година тој бил член на германската комисија формирана со цел да се истражува Јужниот Пол.

Прва германска експедиција на Антарктикот

уреди

Од 1901 до 1903 година, Дригалски ја предводел првата германска експедиција на Јужниот Пол. Во експедицијата учествувале 32 лица, од кои пет биле научници.

Дела

уреди
  • Grönland-Expedition der Gesellschaft für Erdkunde zu Berlin 1891-1893, 2 Bde., Kühl, Berlin 1897
  • Deutsche Südpolar-Expedition 1901–1903 im Auftrage des Reichsamtes des Innern., 20 Bde. und 2 Atlanten. Berlin, 1905–1931
  • Zum Kontinent des eisigen Südens, Verlag Georg Reimer, Berlin, 1904