Халди
Ḫaldi (dḪaldi, познат и како Khaldi) бил еден од тројцата главни богови на Арарат (Урарту). Неговото светилиште се наоѓало во Ардини.
Останатите двајца главни богови биле Теиспас од Кумену и Шивини од Тушпа.[1]
Најмногу записи има за овој бог од сите божества на пантеонот на Арарат (Урарту). Негова сопруга била божицата Арубани. Насликан е како маж со или без брада, кој стои на лав.[citation needed]
Халди бил воинствен бог на кого му се молеле кралевите од Урарту за победа во битките. Храмовите посветени на Халди биле украсувани со оружје, па така мечеви, копја, лакови и стрели, како и штитови стоеле закачени по ѕидовите. Поради ова, храмовите биле нарекувани и „куќи на оружјето“.
Наводи
уреди- ↑ Ernest René Lacheman, Martha A.
- Piotrovsky, Boris B. (1969) The Ancient Civilization of Urartu: An Archaeological Adventure. Cowles Book Co. ISBN 0-214-66793-6