Енцо Серини

италијанско-македонски оперски пејач

Енцо Серини (италијански: Enzo Serrini; Палермо, Италија, 1 јануари 1920 - Скопје, 11 март 1981) — италијански и македонски оперски пејач, баритон, првенец на Операта на МНТ.

Енцо Серини
Енцо Серини на сцена
Роден(а)1 јануари 1920
Палермо,  Италија
Починал(а)11 март 1981
Скопје, НР Македонија СР Македонија
НационалностИталијанец
Занимањеоперски певец

Животопис

уреди

Серини е роден во Палермо, Италија на 1 јануари 1920 година. Пеење учел кај К. Талефи во Италија. Дебитирал со улогата на Силвио во операта Палјачи. Извесен период бил ангажиран како солист на Операта во Ријека. Во Операта на МНТ работел од 1953 до 1975 година.[1] Во својата кариера реализирал повеќе од 35 улоги главно од италијанскиот репертоар. Позначајни остварувања: Фигаро („Севилскиот бербер“), Јаго („Отело“), Ескамилио („Кармен“), Гроф Луна („Трубадур“), Жорж Жермон („Травијата“), Родриго-Поза („Дон Карлос“), Риголето и Скарпија („Тоска“), Белкоре („Љубовен напиток“). Поседувал волуминозен глас во изразито белкантистички манир и сугестивен сценски израз.

Починал во Скопје на 11 март 1981 година.

Наводи

уреди
  1. Н. Грба, Поводом гостовања Енца Серинија у опери „Риголето“, Дневник, 20. I 1053; А-м, Сутра „Травијата“, Дневник, 12. XI 1954.

Надворешни врски

уреди