Емлиххајм

општина во Германија

Емлиххајм (германски: Emlichheim; долногермански: Emmelkamp) — општина во округот Грофовија Бентхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Општината се наоѓа околу 20 километри јужно од холандскиот град Емен и 25 километри северозападно од окружниот град Нордхорн.

Емлиххајм
Старата реформирана црква во Емлиххајм
Старата реформирана црква во Емлиххајм
Старата реформирана црква во Емлиххајм
Знаме на Емлиххајм
Грб на Емлиххајм
Емлиххајм во рамките на Германија
Емлиххајм
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Грофовија Бентхајм
Општ. заед. Емлиххајм
Градоначалник Арне-Јан Хелвег (ДХС)
Основни податоци
Површина 48,52 км2
Надм. височина 14 м
Население 7.606 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 157 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. NOH
Пошт. бр. 49824
Повик. бр. 0 59 43
Портал www.emlichheim.de
Местоположба на Емлиххајм во рамките на округот Грофовија Бентхајм
Карта
Карта
Координати 52°37′0″N 6°50′0″E / 52.61667° СГШ; 6.83333° ИГД / 52.61667; 6.83333

Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Географија

уреди

Емлиххајм се наоѓа на германско-холандската граница. Местото се граничи на југ со реката Фехте, а на север со каналот Куворден-Пикарди. Во последните години, Емлиххајм забележал раст на своето население поради доселување на холандски државјани.

Историја

уреди

Емлиххајм постоел најмалку од времето на Карло Велики. Во документ од 1312 година, местото се појавило под името Еминхем (Emminchem).

Во старите холандски документи (XVI-XIX век), како и денес во долносаксонските дијалекти, Емлиххајм е нарекуван Емелкамп (Emmelkamp).[2]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. Copy of an old Dutch book about the history of the County of Bentheim

Надворешни врски

уреди