Светлосна енергија
Во фотометријата, светлосна енергија е восприемената енергија на светлината. Понекогаш се нарекува и количество светлина.
Светлосната енергијасе разликува од мерката за зрачна енергија, која е аналогна на неа, но претставува објективна физичка величина. Причината за ова е тоа што човечкото око ја гледа само светлината во видливиот спектар и неговата чувствителност на светлина се разликува на различни бранови должини во рамките на спектарот. ога е прилагоден на посилна светлина (фотопен вид), окото е најчувствително на бранова должина од 555 nm. Светлината со иста моќ, а на подолги и пократки бранови должини има помала светлосна енергија.
Единици
уредиВо системот SI, единицата за светлосна енергија е луменсекундата, неформално наречена „талбот“ во чест на фотографскиот пионер Вилијам Хенри Фокс Талбот (1800-1877).
Во другите мерни системи, светлосната енергија се изразува со основните единици за енергија.
Поврзано
уреди
Величина | Симбол[б 1] | SI-единица | Симбол | Димензија | Белешки | |||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Светлосна енергија | Qv [б 2] | лумен-секунда | lm⋅s | T⋅J | единицата е наречена и „талбот“ | |||
Светлосен тек | Φv [б 2] | лумен (= cd⋅sr) | lm | J | наречен и „светлосна моќ“ | |||
Светлосна јачина | Iv | кандела (= lm/sr) | cd | J [б 3] | основна SI-единица, светлосен тек по единица просторен агол | |||
Блескавост | Lv | кандела на квадратен метар | cd/m2 | L−2⋅J | единиците се наречени и „нити“ | |||
Осветленост | Ev | лукс (= lm/m2) | lx | L−2⋅J | за светлина врз површина | |||
Светлосна излезност | Mv | лукс (= lm/m2) | lx | L−2⋅J | за светлина израчена од дадена површина | |||
Светлосна изложеност | Hv | лукс-секунда | lx⋅s | L−2⋅T⋅J | ||||
Густина на светлосна енергија | ωv | лумен-секунда на кубен метар | lm⋅s⋅m−3 | L−3⋅T⋅J | ||||
Светлосна делотворност | η [б 2] | лумен по ват | lm/W | M−1⋅L−2⋅T3⋅J | сооднос на светлосниот тек со зрачниот тек | |||
Поврзано: SI · Фотометрија · Радиометрија |
- ↑ Стандардизационите организации препорачуваат фотометриските величини да се бележат со наставката v (знач. „визуелна“) за да нема забуни со радиометриските и фотонските величини.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Се јавуваат и други симболи: W за светлосна енергија, P или F за светлосен тек, и ρ или K за светлосна делотворност.
- ↑ Системот SI препорачува употреба на „J“ како симбол на димензијата на светлосната јачина.
Оваа статија од областа на оптиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |