Европска фармакопеја
Европската фармакопеја (Ph. Eur.) на Советот на Европа е фармакопеја, која препишува голем број на активни супстанци и ексципиенси кои се користат за подготовка на фармацевтски производи во Европа. Таа вклучува повеќе од 2000 специфични и општи монографии, за повеќе супстанци како: антибиотици, биолошки супстанци, вакцини за хумана и ветеринарна употреба, имуносеруми, радиофармацевтски препарати, хербални дроги, хомеопатски препарати.
Моментално Комисијата за Европска фармакопеја има 37 земји-членки: Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Малта, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Република Македонија, Турција, Велика Британија и Европската Унија [1].
Во овие земји и Европската Унија Ph. Eur. е официјална фармакопеја.
Република Македонија стана член на Комисијата за Европска фармакопеја во 1994 година на нејзиното 89 заседание во Стразбур со потпишување на Конвенцијата за Европска фармакопеја и оттогаш официјална фармакопеја во Македонија е Европската.
Изданија
уредиОд 5-то издание Европската фармакопеја се објавува во 2 дела. Делот 1 содржи општи поглавја (на пр. дозажни форми, методи за анализа, реагенси), а делот 2 ги содржи монографиите за супстанците.
- 1-во издание: објавено во 1967
- 2-ро издание: објавено во 1980
- 3-то издание: објавено во 1997
- 4-то издание: објавено во 2001, валидно од 1 јануари 2002
- 5-то издание: објавено на 15 јуни 2004, валидно од 1 јануари 2005
- 6-то издание: објавено на 16 јули 2007, валидно од 1 јануари 2008
- 7-то издание: објавено во јули 2010, валидно од 1 јануари 2011 [2]
Наводи
уреди- ↑ „EDQM“. Архивирано од изворникот на 2015-11-26. Посетено на 13 July 2010.
- ↑ European Pharmacopoeia, 7th edition Архивирано на 8 октомври 2011 г. PDF: Products and Services, Catalogue 2010 Архивирано на 7 јуни 2011 г.