Европа (остров)

остров на Франција


Европа (француски: Île Europa, малгашки: Nosy Ampela[1]) — низок тропски атол во Мозамбичкиот Проток помеѓу јужен Мадагаскар до јужен Мозамбик. Зафаќа површина од 28 км2 и никогаш не бил населен сè до доселувањето на француското семејство Розје во 1820 г. Островот официјално станал владение на Франција во 1897 г.

Европа
Île Europa
Знаме
ГеслоСлобода, еднаквост, братство
ХимнаМарселеза
Карта на островот
Географија
МестоМозамбички Проток
Координати22°22′S 40°22′E / 22.367° ЈГШ; 40.367° ИГД / -22.367; 40.367
Држава
Прекуморска територијаФранцуски Јужни и Антарктички Земји
DistrictРасеани Острови

На островот е сместен воен одред од Реинион, има метеоролошка станица и го посетуваат научници. Дел е од Расеаните Острови на регионот Француски Јужни и Антарктички Земји.

На островот е снимана епизодата „Потрага во длабочините“ (1968) од серијата „Подводниот свет на Жак Кусто“,[2] во која се претставени зелените морски желки.

Опис

уреди

Европа има пречник од 6 км и најголема висина од 6 м. Бреговата линија е долга 22,2 км. Опкружена е со корални плажи и ободен гребен кој ја обиколува мангровска лагуна од 9 км2 и е отворен кон морето на една страна.

Атолот нема пристани, но котвењето е можно во блиските води. Исклучивиот стопански појас е соседен на оној на Басас да Индија, и зафаќа површина од 127.300 км2. Слетувалиштето е долго 1.500 метри.

Екологија

уреди
Ознаки
Службен назив: Île d’Europa
Прогласено:27 октомври 2011
Број2073[3]

Островот е природен резерват. Растителната се состои од сува шума, шикара, млечки (Euphorbia), мангровско мочуриште и остатоци од плантажа на сисал. Ова е едно од најголемите мрестилишта на зелени морски желки на светот. Живеат и кози доведени од доселеници на крајот од XVIII век.

Европа е прогласена за место од орнитолошка важност од BirdLife International поради многубројните и разновидни морски и други водни птици кои овде се размножуваат. Тука е најголемата колонија на мадагаскарската жолта чапја по Алдабра и Мадагаскар. Има многу големи колонии на големи фрегати (до 1100 парови), тропски бурници (до 100 парови), мадагаскарски крајбрежни чапји и касписки рибарки.

На Европа живее белоопашестиот фетон (Phaethon lepturus europae), три видови копнени птици (including an endemic subspecies of ендемски подвид на мадагаскарската белоочка)[4] и ендемски вид шиштава лебарка.[5]

Клима

уреди

Климата е засегната од Игленортската струја и водата обично надминува 30 °C. Југоисточните пасати зиме и повремени циклони. Може да се опише како степска или тропска, со влажни лета и суви зими.

Историја

уреди

Иако островот веројатно бил забележан од морепловците уште во XVI век, тој е наречен по британскиот брод „Европа“, кој го посетил во декември 1774 г. Урнатините и гробовите сведочат за неколкуте обиди за негово населување од 1860-тите до 1920-тите. На пример, во 1860 г. тука се доселило француското семејство РОзје, но потоа напуштило.[6]

Наводи

уреди
  1. „Le président Macron envoie l'Armée française sur les îles éparses“. KoolSaina. 27 јули 2021.
  2. „The Undersea World of Jacques Cousteau - Collection One“. DocuWiki. 10 ноември 2013. Посетено на 7 јануари 2014.
  3. „Île d'Europa“. Ramsar Sites Information Service. Посетено на 25 април 2018.
  4. BirdLife International. (2012). Important Bird Areas factsheet: Europa. Downloaded from „BirdLife International - conserving the world's birds“. Архивирано од изворникот на 10 јули 2007. Посетено на 29 март 2014. на 7 јануари 2012 г.
  5. C. van Herrewege. 1973. Contribution à l'étude des Blattaria de la faune Malgache. II. Description de huit espèces nouvelles appartenant aux genres Gromphadorhina Brunner v.W. et Elliptorhina gen. nov. Bulletin de la Société Linnéenne de Lyon, 42nd année, Numéro spécial du 150th anniversaire, décembre 1973. 75-103
  6. „Europa“. Districts - îles Eparses. Terres australes et antarctiques françaises. 2010. Архивирано од изворникот на 31 јануари 2012.

Надворешни врски

уреди