Касписка рибарка
Касписка рибарка | |
---|---|
Возрасен во летно перје | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Бекасови |
Семејство: | Рибарки |
Род: | Hydroprogne Kaup, 1829 |
Вид: | Касписка рибарка |
Научен назив | |
Hydroprogne caspia (Pallas, 1770) |
Касписката рибарка (науч. Hydroprogne caspia), (порано Sterna caspia;[1] син. Hydroprogne tschegrava, Helopus caspius) е вид рибарка која е космополитски распространета, но и покрај тоа е монотипична во својот род.[2] Оваа птица ја има и во Македонија.
Опис
уредиКасписката рибарка е најголема рибарка со должина 48-60 см, распон на крилјата 127-145 см и тежина 530-782 грама.[2][3] Возрасните птици имаат црни нозе и долг црвенопортокалов клун со мал црн врв. Тие имаат бела глава со црна капа, бел врат, стомак и опашка. Горниот дел од крилјата и грбот се светлосиви, а под крилјата е светла со темни примарни пердуви. Во лет, опашката е помалку чаталеста од другите рибарки, со црни краеви на крилјата.[2] Зиме, црната капа ја има, за разлика од другите рибарки, но со некои бели линии на челото. Повикот е гласно крескање, слично на чапјите.[4]
Распространетост и живеалиште
уредиЗа време на размножувањето, живеалиштето на оваа рибарка се крајбрежјата на големите езера и океаните во Северна Америка, Европа (претежно околу Балтичко Море и Црно Море), Азија, Африка, Австралија и Нов Зеланд. Северноамериканските птици за време на зимата се селат на јужните крајбрежја, европските и азиските, во тропските делови, а африканските и австралиските се постојани жители или се раселуваат на кратки растојанија.[2]
Глобалната популација е околу 50.000 пара; и бројот во повеќето региони е стабилен, но популацијата на Балтичкото Море опаѓа, и има статус на загрижувачки вид.[2][5]
Касписката рибарка е еден од видовите на кои се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските водни миграторни птици.
Поведение
уредиИсхрана
уредиОвие птици се хранат претежно со риби, по кои нуркаат, прво набљудувајќи високо над водата, а потоа се насочуваат директно кон нив. Повремено, исто така, се хранат со големи инсекти, со пилиња и јајца од други птици и глодачи. Летаат и повеќе од 60 км оддалеченост од колонијата за размножување за да ловат риба. Ловат и во слтки и во солени води.[2][4]
Размножување
уредиСе размножуваат напролет и во лето, со 1 до 3 светлосинозелени јајца, со темни кафеави точки. Гнездат во колонии, со својот вид, но и со други птици, особено со галебите. Гнездото го сместуваат на земја меѓу камчиња и песок, а понекогаш врз растенија. Инкубацијата трае 26-28 дена. Пилињата се различни во бојата и декорациите, од светло кремави до потемносивокафеави, што им помага на родителите да ги препознаат кога се враќаат во колонијата по ловот. Малечките се здобиваат со перје по 35-45 дена.[2]
-
Подготовка за полетување
-
Касписка рибарка во лет
-
Две касписки рибарки во лет
-
Museum specimen
Наводи
уреди- ↑ Bridge, E. S., Jones, A. W., & Baker, A. J. (2005). A phylogenetic framework for the terns (Sternini) inferred from mtDNA sequences: implications for taxonomy and plumage evolution. Molecular Phylogenetics and Evolution 35: 459–469. PDF pdf file
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 del Hoyo J., Elliott, A., & Sargatal, J., eds. (1996). Handbook of the Birds of the World 3: 645. Lynx Edicions ISBN 84-87334-20-2.
- ↑ „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-03-01. Посетено на 2013-07-16.
- ↑ 4,0 4,1 Mullarney, K., Svensson, L., Zetterström, D., & Grant, P. J. (1999). Collins Bird Guide. Collins ISBN 0-00-219728-6.
- ↑ Snow, D. W., & Perrins, C. M. (1998). The Birds of the Western Palearctic Concise Edition OUP ISBN 0-19-854099-X.
- „Sterna caspia“. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2004. Посетено на 12 May 2006.
- Burnie, David & Wilson, Don E. (editors) (2001): [Caspian Tern]. In: Smithsonian Institution Animal: The Definitive Visual Guide to the World's Wildlife: 307. Washington DC & New York, Smithsonian Institution & Dorling Kindersley Publishing. ISBN 0-7894-7764-5
- Collinson, M. (2006). Splitting headaches? Recent taxonomic changes affecting the British and Western Palaearctic lists. British Birds 99(6): 306-323.
- Falla RA, Sibson RB & Turbot EG (1966) A Field guide to the birds of New Zealand. Collins, London (ISBN 0-00-212022-4)
- Harrison, Peter (1988): Seabirds (2nd edition). Christopher Helm, London ISBN 0-7470-1410-8
- National Geographic Society (2002): Field Guide to the Birds of North America. National Geographic, Washington DC. ISBN 0-7922-6877-6
- Sibley, David Allen (2000): The Sibley Guide to Birds. Alfred A. Knopf, New York. ISBN 0-679-45122-6
Надворешни врски
уреди- Caspian Tern - Species text in The Atlas of Southern African Birds
„Касписка рибарка“ на Ризницата ? |
„Sterna caspia“ на Викивидовите ? |