Евгениј Шчербањ

(Пренасочено од Евгениј Шербан)

Евгениј Шчербањ (украински: Євген Олександрович Щербань, Константиновка, 18 јануари 1946 - Донецк, 3 ноември 1996) бил украински стопанственик и политичар.[1] Како член на Либералната Партија на Украина, бил избран за пратеник во Врховната Рада како претставник од Донечката област.[2] Неговото име станало познато по неговиот атентат, а неговиот лик бил често користен во политичките превирања на украинската политичка сцена по 2003 г.

Евгениј Шчербањ
150px
Роден(а)Евгениј Александрович Шчербањ
18 јануари 1946
Константиновка, Харковска област (Советски Сојуз)
Починал(а)3 ноември 1996
Донецк, Украина
НационалностУкраина Украинец
ДржавјанствоУкраина Украина
ЗанимањеПолитичар, стопанственик
Активен период1994-1996
СопружникНадја Шербан
ДецаРуслан, Евгениј

Животопис

уреди

Евгениј Шчербањ е роден во селото Константиновка, кое се наоѓа во Харковска област. Во периодот 1972-1977 студирал на рударско-индустрискиот факултет во Донецк, денес преименуван во Донечки државен технички универзитет. Сѐ до 1988 г. работел како рударски инженер, а по осамостојувањето на Украина основал свое претпријатие под името „Прогрес“, кое низ годините променило неколку имиња. Кон средината на 90-тите години од XX век, бил еден од најбогатите луѓе во земјата и влијателен член на украинскиот Парламент, каде ја застапувал неговата матична партија Либерална Партија на Украина.[1][3][4]

Атентатот

уреди

Тој и неговата сопруга Надежда биле убиени на пистата од Донечкиот аеродром, на 3 ноември 1996 г. од страна на неколку луѓе преправени како полицајци.[1][2] Помеѓу убијците биле Вадим Болоцки, Генадиј Зангелиди и други. Обвинителите изјавиле дека атентатот бил изведен со намера да се отстрани можната конкуренција за преземање на индустриските капацитети кои работат со украинскиот земен гас.[1] Во 2002 г. осуммина биле уапсени под сомнеж дека тие се посочените извршители на делото. Сите од нив биле прогласени за виновни и осудени, а тројца добиле казнена мерка доживотен затвор.[1]

Поврзани настани

уреди

Случајно, ова убиство претходело на заминувањето на гувернерот Владимир Шчербањ (не бил во роднински врски со Евгениј) од позицијата прв човек на Донечката област. На тоа место дошол поранешниот министер за јаглена индустрија Серхиј Пољаков, по препорака на премиерот Виктор Јанукович.

Пред тоа, во декември 1995 г. кога Пољаков го преземал министерското место, во Донецк бил формиран индустрискиот сојуз Дохбас, или скратено ИСД. Раководител на тој сојуз бил Сергеј Тарута, но многумина верувале дека Шчербањ бил главниот човек кој дејствувал од позадина. Во тоа време (крајот на 1995 г.) се случил и атентатот врз Ахат Брагин, по што следело финансиското и политичко издигнување на Рихат Ахметов. Потоа се случиле уште неколку успешни убиства врз важни луѓе од ИСД, но сепак ова врз Шербан предизвикало најмногу контроверзи и полемики.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди