Евгениј Александрович Родионов (Чибирлеј, Пензенска област, 23 мај 1977Бамут, Чеченија, 23 мај 1996) бил руски војник и учесник во Првата чеченска војна во 1996 година. При првата чеченска војна е киднапиран од чеченски исламисти и ѕверски мачен. Бидејќи не прифатил да го прими исламот и одбил да го извади крстот што го носел уз вратот, исламистите му ја исекоа главата.[1]

Евгений Александрович Родионов
23 мај 1977 – † 23 мај 1996

Роден во:Чибирлеј,  Русија
Починал во:Бамут, Чеченија
Служба во: Русија
Период на служба:1995 г. — 1996 г.
Чин:Војник
Единици:Гранична полиција
Битки/војни:Прва чеченска војна
Одличја:Орден за храброста

Евгениј денес важи за новомаченик и се слави како светец.

Младост

уреди

Од своите врсници, Евгениј се разликуваше по тоа што, според сведочењето на мајка му, од мали нозе поседуваше особена моќ за забележување. Вниманието го насочуваше кон она покрај кое многу проаѓаа без да приметат ништо посебно. На 11 или 12 години се врати од летниот распуст со крвче околу вратот. Од тогаш веќе никогаш не го симнуваше од вратот, без разлика дали се работеше за бањање или за сауна, или тренинзите на кои одеше, членувајќи во спортската секција, или дома. На сите фотографии со друштвото тој единствен имаше крвче, и тоа на многу дебел конец.

После деветтото завршено одделение се вработи во фабрика за мебел. Родионов сакал да биде кувар, но во 1995 година добил покана од руските сили да служи воен рок. Откако си го одлужи воениот рок, тој е пратен во кризните подрачја во првата чеченска војна. На 25 јуни 1995 година Евгениј последен пат излезе од својата куќа, од своето село, отиде во војска. Многу се гордеаа со тоа што беше регрутиран да го отслужи воениот рок во пограничните едниници.[2]

Првата Чеченска војна и заробништво

уреди

Во февруари 1996 година го заробија чеченските исламисти во Чеченија, сокриени во автомобил на Црвениот крст. Според наредбата на командата која им забрануваше на стражарите да пукаат, дури и кога се наоѓаат на бојна позиција, момчето не можеше да пружи отпор. Тоа итро го искористија чеченските разбојници. Го уапсија стражарот Родионов заедно со уште тројца негови другари – војници: Александар, Андреј и Игор.

Во текот на трите месеци заробеништво им предлагаа да го примат исламот. Момчињата одбија. Единствено Евгениј имаше крвче околу вратот од кое никогаш не се одвојуваше. Разбојниците бараа да го скине, Евгениј одби. Тоа кај нив предизвика особен бес. Заради конечното и бескомпромисно одбивање да го симне крвчето од себе, разбојниците почнаа страшно да го мачат.[3]

Маченичка смрт

уреди
 
Икона на Евгениј Родионов.

На 23 мај 1996 година во населбата Бамут, на својот роденден, на православниот празник Вознесение Христово, на Евгениј му ја отсекоа главата. Дури ни од мртвиот војник чеченските исламисти не смееја да го симнат крвчето. Благодарение на него, подоцна, мајката на маченикот и го препозна телото на синот. Чеченските исламисти тврдеа дека доколку би го примил исламот, Евгениј немало да го убијат.[4]

Евгениј ја покажа својата предаденост на Спасителот Исус Христос и не прими друга вера, одлучувајќи дека е подобро да прими маченички венец и, несомнено, Господ ја прими неговата светла руска душа меѓу Своите големи светители.

Неговото тело лежеше непогребано две недели. Заедно со Евгениј, поради одбивање да го прифатат исламот, убиени се и тројца негови другари: војниците Игор Јаковлев, Андреј Трусов и Александар Железнов. Очигледно е дека тие, иако невоцрковени, го сфатија прифаќањето на исламот како предавство на своите ближни, пријатели, семејства, како и предавство на татковината.

Мајката на Евгениј, Љубов Василевна, тргнувајќи од Полска, десет месеци го бараше гробот на својот син, успевајќи да го најде на чудесен начин, покрај до заби наорушените чеченци. Најпосле, нејзината потрага вроди со плод, но разбојниците и ги земаа парите, за откуп. Продавајќи ја својата куќа, им ги предаде парите. Разбојниците ѝ го дадоа обезглавеното тело, а за главата на синот бараа дополнително да плати. Љубов Василевна позајми пари и повторно им плати.

Телото на Евгениј, мајката го донесе во Русија на 20 ноември 1996 година, на денот на Мелитинските маченици, кои биле војници - христијани на Римската војска. Заради одбивањето да се одречат од Христос претрпеле маченичка смрт – им биле отсечени главите. Биле 33 војници, а едниот од нив се викал Евгениј. Пет дена после погребот на Евгениј Родионов, неговиот татко починува од мака.

Откако дознаа сите за делото на Евгениј, посмртно е одликуван со рускиот орден за храброста. Голем дел во Руската православна црква побараа да се канонизира Евгениј. Тогашниот патријарх Алексеј го одбил барањето, бидејќи сметал дека ќе има антиисламски нереди.[5]

Парастос

уреди

На 20 април (по нов стил) на гробиштата во селото Курилово, во Подолската област, на втор ден Велигден, на воскресниот спомен за починатите, на гробот на рускиот војник Евгениј Родионов се отслужи парастос. Почесната стража оддаде почесна стрелба, се постави и крст од дабово дрво висок 4 метри. Денес гробот на војникот - маченик стана место на народна почит, а пред сѐ, за оние мајки чии синови ги снајде истата судбина.

Евгениј Родионов прими маченичка смрт за Христа, за православната вера. Тоа е многу редок подвиг. Од една страна, неговата смрт предизвикува жал, а од друга – носи радост. Константин Велики виде крст и му беше речено: со ова победувај. Така и ние, гледајќи што се случи, велиме: само со верата ќе победиме. Бидејќи ако погледнеме околу себе – ништо друго нема да нѐ спаси. Навистина, човекот живеше меѓу нас во ова многу тешко време, можеби дури и потешко од советското, кога било безбожништво. Безбожништвото е полесно за поднесување, а развратноста потешка. А тој во развратно време ја зачува верата. Изгледа дека не бараа многу од него – да го скине крвчето. Пред сите да се одрече од Христос. Неговата смрт победува многу размислувања. Ако во нашата земја постојат вакви луѓе, значи дека Русија не пропаднала и не спие, туку во одреден момент се буди. Ние можеме да живееме и победуваме само со верата.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „Војникот Евгениј Родионов – Христов новомаченик“. www.mpc.org.mk. 25 мај 2012. Посетено на 2015-05-15.
  2. „New martyrs of our times - Evgeny Rodionov“. www.pravoslavie.ru. 6 ноември 2010. Посетено на 2015-05-15.
  3. „Евгений Родионов - новый мученик за Христа“. www.voskres.ru. 25 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2009-08-10. Посетено на 2015-05-15.
  4. „Yevgeny Rodionov: The Warrior Martyr“. www.tradyouth.org. 7 октомври 2014. Архивирано од изворникот на 2015-05-05. Посетено на 2015-05-15.
  5. „В Кузнецке почтили память убитого в Чечне российского солдата Евгения Родионова“. penza.rfn.ru. 17 мај 2007. Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на 2015-05-15.