Дувло на гревовите

Дувло на гревовите е расказ на францускиот писател Марсел Еме. Расказот е објавен на македонски јазик во 2008 година (во состав на збирката раскази под наслов “Париски приказни”), од страна на издавачката куќа “Темплум”, а преводот од француски јазик е направен од Ружа Димишковска.

Содржина

уреди

Лудовик Мартен, професор по чистота на душата, е искушуван од ѓаволот на една плажа во Бретања. Иако ѓаволот му нуди министерска моќ, државни почести, згодни жени, американски автомобили, победа на трката Тур д’Франс итн., сепак тој лесно ги одбива сите искушенија. Но, подоцна, тој му ја продава душата на ѓаволот и добива златно теле, а исто така ја продава и душата на еден од своите ученици. Подоцна, професорот и ученикот се качуваат на брод за Кина и набргу успеваат сите членови на посадата и патниците да ги преобратат во поклоници на ѓаволот. Единствено, еден англиски свештеник му останува верен на Господ. Тој му се моли на бога да ги казни неверниците и еден голем бран го потопува бродот, па сите грешници умираат, потонувајќи на дното на морето.

Таму, тие согледуваат дека се наоѓаат во некоја дупка околу која се наоѓаат стрмни карпи во кои има неколку пештери. Нив ги посетува ѓаволот, кој им кажува дека се наоѓаат во пеколот и дека во нив нема повеќе никакви гревови. Тогаш, се појавува англискиот свештеник, кој е испратен од Господ за да ги искупи душите на грешниците. Ѓаволот го прифаќа предизвикот и од пештерите излегуваат различни чудовишта, кои ги претставуваат смртните гревови: горделивоста, зависта, скржавоста, ненаситноста, лутината, мрзата и сладострастието. Свештеникот успева да ги победи сите нив и сите грешници се ослободени од пеколот. Така, професорот Мартен и ученикот се враќаат на плажата и тој им кажува на учениците да ја искинат неговата книга за заштита на душата.[1]

Наводи

уреди
  1. Марсел Еме, Париски приказни, Темплум, Скопје, 2008.